0 коментари 2 мин. читање 12 февруари, 2013

Еве зошто TED и TEDx настаните се интересни (инфографик)

TED (Technology, Entertainment and Design) е реномирана конференција која се случува ширум светот, а се случи и во Македонија. Конференцијата е неверојатна интересна бидејќи собира луѓе да го споделат своето фасцинантно искуство, идеја или истражување. Но, оваа конференција не е успешна бидејќи има интересни говорници, вели Марк Фиделман во својот текст во Forbes, туку бидејќи организаторите се интересни.

Во последната година се случија илјадници TEDx настани во 1.200 градови во 130 земји. Секој од овие настани е интересен сам по себе бидејќи локалните организатори знаат кои теми ќе бидат интересни за локалните гости, кои често се избирани исто како и предавачите. Таквите локални настани само го промовираат глобалниот бренд чии говори се прегледан над 100-тина милиони пати на YouTube или на TED.com сајтот. Oсновачот на TED, Крис Андерсон, за локалните TEDx настани вели дека „не сум видел ништо налик на ова“. Иако x во TEDx стои за незеависна конференција, сепак локалните организатори ја почитуваат лиценцата и се држат до оригиналниот модел колку што можат повеќе, промовирајќи го мотото „идеи вредни за споделување“. Повеќето од организаторите не ги прават настани за пари или слава, туку за да претстават идеи за да го променат светот со помош од посветената заедница.

„Горд сум на реалноста. Навистина е возбудливо кога некој ќе добие глобално признание бидејќи ја споделил својата идеја со другите. Помислите како ќе им влијае на децата и нивните сонови за иднината. Можеби некои деца ќе престанат да сонуваат да станат поп или филмски ѕвезди и да почнат да сонуваат да измислат нешто. Ова е добро за иднината на сите.“, вели основачот Андерсон.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top