Е-трговијата во Македонија со годишен промет од над 437 милиони евра, раст од дури 59%

во Веб, ИТ.МК

Пандемијата промени многу потрошувачки навики во земјава и беше водечки фактор во подобрувањето на состојбата со е-трговијата – ситуациите кои ги наметна пандемијата ја забрзаа дигитализација на бизнисите со што се зголеми понудата во е-трговијата, а со тоа се наметна и притисок да се подобри доставата и да се олесни плаќањето. Овие факти ги потврдува последниот извештај за платежна статистика објавен од Народната Банка на РСМ, споделен од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, во која се забележува годишен раст од дури 59% проценти во онлајн трансакциите, 2021 споредено со 2020 година.

Вкупната вредност на онлајн трансакциите во 2021 изнесувала 437 милиони евра, а делот кој отишол кај домашните е-трговци изнесува 335,3 милиони евра – важна статистика е дека само 5% од трансакциите се реализирани од страна на странски картички, додека 95% се од домашни платежни картички.

За споредба, пред само две години, во 2019 бројката на онлајн трансакции остварени во Македонија изнесуваше 139 милиони евра, и тоа поголемиот дел, 85.5 милиони од овие беа потрошени кон странски е-трговци.

Предизвиците со затворањето на границите i ограничувaњата во транспортот што ги наметна Covid-19, во 2020-та беа пресудни да македонците се осврнат кон домашните е-трговци, па така 2020 е првата година во која е поголем прометот кон домашните е-трговци наспроти странските, а тој тренд продолжи и во 2021.

“Анализирајќи ја структурата на трансакциите, не се забележува значајна промена иако се забележува раст во сите сегменти. Споредено со 2020 година кога вкупната вредност на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни и странски е-трговци изнесуваше 263,6 милиони евра, во 2021 година растот изнесува 59,6% со вкупна вредност од 420,7 милиони евра. Во 2021 година од вкупната вредност, 73% припаѓаат на онлајн трансакции со домашни картички само кон домашни е-трговци и овој сегмент пораснал за 47,9% во однос на 2020 година. Корисниците на домашни картички во текот на 2021 година ја зголемиле вредноста на трансакции кон странски е-трговци за 113% и овој сегмент процентуално учествува со 23% во вкупниот промет. Корисниците на странски картички исто така ја зголемиле вредноста на трансакции кон домашни е-продавници за 50,2% но уделот на овој сегмент изнесувал 4% идентично како и претходната година.” – велат од АЕТМ.

Домашната понуда во е-трговијата продолжува да расте и понатаму, односно бројот на новоотворени онлајн продавници бележи раст од 22,5% во 2021 година. Во текот на 2021 година се отвориле 312 нови вируелни (интернет) продажни места, со што вкупниот број на е-продажни места на крајот на 2021 година изнесува 1696.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk