Работиш во ИТ секторот? Помогни ни заедно да ја мапираме македонската ИТ индустрија во 2022 година!

Во 2019-та инспирирани од како тоа го прави StackOverflow, решивме да започнеме слично истражување на локално ниво наречено “Мапирање на ИТ индустријата во Македонија” преку метод на анонимна анкета во кое тогаш учествуваа повеќе од 1.000 лица и ни дадоа корисен фидбек за индустријата во земјава. Резултатите беа бесплатно јавно споделени и сè уште се достапни на овој линк.

Оваа година, решивме да го повториме истражувањето и да направиме еден нов пресек на движењата и интересите во ИТ индустријата во Македонија, која иако се согласуваме дека не е далеку од глобалната ИТ сцена, сепак сметаме дека секој пазар си има свои подробности и дека вреди да имаме едно вакво локално мапирање во кое ќе може да се квантифицираат трендовите локално. За да го направиме тоа, ни треба твојата помош преку пополнување на анонимна анкета која ќе ти одземе 5-10 минути!

Анкетата ќе ни помогне да дефинираме кои трендови, технологии, алатки, навики, работни позиции, квалификации, желби, проблеми и соодветно на тоа примања според сите тие класификации се присутни на пазарот. Истата е поделена на повеќе сектори и соодветно на избор на секторот во првиот чекор, ќе добиете листа на прашања од тој сектор.

ПРИКЛУЧИ СЕ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО
(анкетата ќе ти одземе 5-10 минути)

Процесот на прибирање на податоци за истражувањето го планираме да трае иницијално 4-5 недели, зависно од заинтересираноста и тоа колку луѓе ќе одговорат, а ако побрзо дојдеме до таргет бројката (~1.000+ испитаници) побрзо и ќе го комплетираме прибирањето и ќе се префрлиме во следната фаза – обработка (3-4 недели) и после тоа резултатите ќе ги презентираме јавно – бесплатно!

Истражувањето ќе има три клучни процеси:

  1. Прибирање на податоци
    преку https://it.mk/mapiranje и https://it.mk/it-kariera-istrazhuvane-2022/ и нивна промоција
  2. Обработка на податоци
    во соработка со Data Masters
  3. Објавување на податоци
    бесплатно на IT.mk

Податоците ќе бидат достапни и во RAW формат – бесплатно за академскиот сектор и индивидуалци кои ќе ветат дека нема да ги користат за комерцијални цели. А за комерцијално користење ќе има можност да се закупи комерцијална лиценца која ќе дава права за користење во такви цели без ограничувања.

Она што е многу важно е дека истражувањето е АНОНИМНО бидејќи прашуваме и бројка за нето примања. Како алатка за прибирање на податоците ќе ја користиме Google Forms, а од сите вас бараме да играте фер-плеј и заедно да придонесеме кон податоци кои утре сите ќе може да ги користиме.

Ок, доста муабет, носи ме кон анкетата

Нова промена годинава е што истражувањето го носиме на ново ниво со помош на Data Masters, луѓето кои специјализираат во обработка на податоци.

Кои се Data Masters?

Data Masters е консултантска компанија основана во 2018 година во Скопје специјализирана во областа на Data Science. Компанијата брои 50+ вработени кои работат на домашни и светски проекти во делот на Data Warehousing, Data Engineering, Machine Learning и Analytical Product Development. Работата на компанијата е фокусирана на проекти во домените: финансии, малопродажба, телекомуникации и осигурување и покрај во Македонија, работи на проекти во САД, Шведска, Португалија, Швајцарија, ОАЕ. Компанијата во свои рамки има и Академија за Data Science (прва верификувана Data Science Академија во Македонија) која досега има едуцирано 400+ студенти преку B2C & B2B обуки.  

Зошто се вклучуваат во истражувањето?

Еве го нивниот одговор на ова прашање:

“Data Masters e трендсетер во делот на Data Science во нашата земја. Како компанија која создава кадри и придонесува за пазарот на труд во ИТ индустријата во Македонија, сметаме дека истражувањето ќе придонесе во две насоки: да им помогне на сегашните и идни кадри да осознаат што е она што се бара во ИТ индустријата, кои вештини е потребно да се стекнат, како и висината на приходите, но воедно ќе им помогне и на компаниите во насока на подобрување и дополнување на условите со цел привлекување на квалитетни кадри. Токму затоа, преку нашето учество во делот на обработка и визуелизација на податоците од истражувањето сакаме да придонесеме во создавањето на сликата за трендовите присутни во ИТ индустријата, која е корисна како за кадрите кои работат во оваа област, така и за компаниите.

ПРИКЛУЧИ СЕ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО
(анкетата ќе ти одземе 5-10 минути)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk