0 коментари 1 мин. читање

Minecraft може да се игра на Raspberry Pi

Mojang објави дека популарната игра Minecraft доаѓа на Raspberry Pi, евтиниот микро-комјутер, чија основна намена е да биде почетна точка на новите програмери, но и во образовниот процес каде е алтернатива на поскапите компјутери.

Minecraft Pi е бесплатна, а базирана е на Android и iOS верзијата на играта. Играчите на Minecraft Pi како и на оргиналот ќе можат да ги користат блоковите за да креираат сопствен свет, но покрај ова верзијата овозможува и промена на кодот и манипулација на виртуелниот свет, што најверојатно е и првичната идеја кога играта е портирана за платформа која првенствено се користи за едукација.

Minecraft Pi можете да ја преземете од официјалната страна.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top