На сите им е повеќе од познато дека на Twitter може да се споделуваат пораки до 140 карактери, а истите можеме да ги потрошиме многу брзо и без притоа да забележиме дека сме го надминале лимитот. Така, доколку го користите Twitter преку веб, од сега ќе бидете известени дека сте ја надминале границата. Секако, и сега можевте да видите уште колку карактери ви преостануваат, но од денес секој карактер после 140от ќе биде „подвлечен“ со црвена боја. Исто така, за подобро распознавање, корисниците и адресите ќе бидат означени со друга боја.
Овие промени се достапни само на веб верзијата, додека за мобилната и Twitter клиентите ќе треба да почекаме некое време.








