0 коментари 1 мин. читање 16 јануари, 2013

Стартува Wikivoyage, нов Wiki проект наменет за сите туристи

Wikivoyage е нов „краудсорсинг“ проект на Wikimedia Foundation, но наместо да се собира енциклопедиско знаење како што се прави со Wikipedia, овој проект ќе биде туристички водич кој ќе ги содржи сите потребни информации за како туристите да стигнат и да се снајдат на популарна локација.

Според фондацијата, има многу малку сервиси кои имаат доволно потребни информации за туристите, но кои не се комерцијални и натрупани со реклами. Wikivoyage ќе треба да го исполни тој простор и да им понуди доволно квалитетни содржини на посетителите на сајтот кој ќе остане без реклами. Како и Wikipedia ќе се финансира преку донации.

Дел од податоците се преземени од Wikitravel, чија содржина е под Creative Commons лиценци. Дел од уредниците на Wikitravel се приклучува на Wikivoyage за да обезбедат доволно информации. Во моментов има 50.000 статии на девет странски јазици.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top