Експлозивниот раст на Bluesky: на секоја секунда по 11 нови кроисници

За само една недела по изборите во САД, еден милион корисници на популарниот микро-блог X, се одлучија за промена на средината. Корисниците се префрлија на конкурентската мрежа Bluesky која малку по малку, стигна до 15 милиони корисници. Само неколку недели подоцна, Bluesky е на 19 милиони корисници, и веројатно е прашање на време пред да достигнат 20 милиони корисници.

Сите кои се опседнати со бројки,  може во живо да го следат бројот на регистрирани корисници на Bcounter. Според овој сервис, во моментов на Bluesky му се приклучуваат нешто под 11 корисници во секунда (10,95), ама и оваа бројка е во нагорна линија.

Овој вртоглав раст придонесе апликацијата да се појави на самиот врв според бројот на преземања на App Store и на Google Play. Зад Bluesky на овие листи се супер-популарни апликации како Threads, ChatGPT, Google, TikTok, и Instagram.

На еден дури не му се стемни, на друг не може да му се раздени

Додека новиот микро-блог расте, поранешниот Twitter оди во друга насока. Од април од септември платформата „изгубила“ 25 милиони корисници, пишува ZDNet. Најголем дел од корисниците кои ја напуштаат платформата доаѓаат од САД и Обединетото Кралство, но значителен пад од 5 отсто има и во Европа.

Голем дел од корисниците кои го напуштаат X како најголем проблем на платформата ги наведуваат дезинформациите, поларизацијата и токсичноста. Интересно, огромен дел од корисниците кои секој ден го користат X на него гледаат негативно. Според истражувањето на YouGov, 42 отсто од корисниците на X имаат негативно мислење за платформата.

Официјалниот профил на Bluesky на X не се воздржува да го „пецне“ Елон Маск. Кога се појавија шпекулации дека Маск ќе ја помине изборната вечер со Доналд Трамп, на каналот на Bluesky се појави порака: „Ви гарантираме дека ниту еден член на Bluesky тимот нема вечерва да седи со претседателските кандидати, ниту ќе им дава директен пристап за да контролираат што гледате онлајн“.

Од Х профилот на Bluesky

Веројатно најголема предност на Bluesky е што е нова, и сѐ уште возбудлива платформа. Нејзините девелопери и основачи експериментираат и не се плашат да додадат нови функционалности, без разлика дали станува збор за видеа, директни пораки или промена на фонт. Дополнително, за разлика од X кој до пред една година се обидуваше да изнајде начин како да ги примора своите корисници да се претплатат, Bluesky ветува дека платформата ќе остане бесплатна за користење засекогаш.

Две платформи основани од Џек Дорси

Bluesky е основан во 2021 година од соосновачот на Twitter, Џек Дорси. За разлика од Twitter, Bluesky е децентрализирана социјална мрежа. Извршен директор на компанијата е Џеј Грабер, а во одборот на директори е и Џереми Милер, креаторот на XMPP протоколот.

Карактеристично за Bluesky е децентрализираната структура, која е базирана на Authenticated Transfer (AT) Protocol. Ова им овозможува корисниците да имаат поголема контрола врз содржината и модерацијата. Bluesky им овозможува на корисниците да избираат или да создадат алгоритамски фид и да управуваат со она што им се допаѓа. Ова ја прави платформата супер интересна за сите кои бараат алтернатива на централизираниот модел на X, но и на останатите друштвени мрежи.

Во февруари 2023 година, Bluesky ја лансираше својата iOS апликација, а неколку месеци подоцна, во април, ја претстави и Android верзијата. Првично, пристапот до платформата беше ограничен преку покани, но во февруари 2024 година, ова ограничување беше отстрането, што доведе до значителен пораст на бројот на корисници.

Во моментов, Bluesky има над 19 милиони регистрирани корисници.

Во однос на бројот на вработени, според последните официјални податоци од февруари 2024 година, Bluesky има околу 40 вработени. Оваа бројка може да се има променето со оглед на брзиот раст на платформата, но во моментов нема понови официјални податоци за бројот на вработени.

Се гледаме на Bluesky!

Следете нѐ отсега и на Bluesky :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk