ИТ гигантите започнаа со масовни отпуштања

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Оваа и минатата недела илјадници вработени во најголемите ИТ компании се отпуштени. Минатата недела трендот го започна Елон Маск со отпуштање на 50% од вработените во Twitter, а оваа недела, Meta продолжи со отпуштање на над 11000 вработени. Дополнително компанијата најави дека го замрзнува и вработувањето барем во првото тримесечје следната година.

Во септември Meta имаше 87 314 вработени, што претставува рекорд за компанијата.

Meta е компанија под која се Facebook, Instagram и WhatsApp, бројката од 11 000 отпуштања е процената на 13 отсто од вкупниот број вработени. Ова е најголемо отпуштање во историјата на Facebook. Најзафатени со отпуштањата се одделите за регрутирање и бизнис, очекувано инженерскиот и развојниот тим се помалку зафатени.

На отпуштените вработени веднаш им е прекинат пристапот до системите на компанијата. Сепак, можат да го користат компанискиот имејл за да се збогуваат со своите колеги пренесе New York Times.

„Сакам да преземам одговорност за овие одлуки и за тоа како стасавме до тука. Знам дека ова е тешко за сите, најмногу ми е жал за тие кои се зафатени од одлуката“, вели Марк Закерберг во писмо кое го испрати до вработените.

Во јавната порака Закерберг објаснува дека сметале дека растот предизвикан од пандемијата ќе продолжи и по завршувањето на пандемијата. Поради ова Meta значително ги зголеми своите инвестиции. За жал предвидувањата беа погрешни. Минатиот месец Meta објави дека забележале 50% пад на тримесечната заработка. Само во оваа година акциите на Meta се паднати 70%.

Отпуштањето во Meta доаѓа на само неколку дена по намалувањето на бројот на вработени во Twitter. Пред почетокот на викендот, една од првите одлуки на новиот сопственик на микро-блогот Елон Маск, беше да го намали бројот на вработени на половина. Twitter имаше 7500 вработени, но по викендот, оваа бројка е значително помала.

Намалување на вработените најави и Salesforce. Компанијата во следните недели ќе го намали бројот на вработени за 2500. Ова е дополнително отпуштање во Salesforce, кој оваа недела веќе отпушти 1000 вработени, пренесе Dice. Компанијата вработува 78 000 работници. Засега во Salesforce нема целосно замрзнување на вработувањата, иако вработувањето е речиси незабележително. Оваа состојба се очекува да продолжи и на почетокот на 2023 година.

Lyft на крајот на октомври отпушти 700 вработени, или околу 13% од вкупниот број на работници кои ги имаа. Според интерниот извештај Lyft ќе отпушти вработени од сите сектори, а како главна причина за намалувањето на бројот на вработени се наведени макроекономските потешкотии. Lyft го замрзна и вработувањето ова лето, па почнаа да вработуваат со забавена динамика.

„Знаеме дека ќе биде тешко. Се соочуваме со веројатна рецесија следната година, а висината на осигурувањето на превозот е повисока“, велат од Lyft.  

Имуни на потешкотии не се ниту најголемите компании. Amazon е една од компаниите кои засега не најавиле отпуштање, сепак дури и најголемата светска продавница мора да „го затегне каишот“. Amazon ќе го замрзне вработувањето на новoвработени додека не се промени состојбата со светската економија.

Освен гигантите, веројатно очекувано, од лошата економска состојба се зафатени и стартапите. Stripe на почетокот на ноември објави дека ќе мора да се збогува со 14% од своите вработени. Како и Facebook, и Stripe погрешно го проценил растот во 2022. Поради ова, компанијата значително ги зголемила оперативните трошоци. Сега Stripe најави дека ќе го намали бројот на вработени на 7000, колку што стартапот имаше на почетокот на годината, во февруари.

На крајот на август, платформата за споделување на куси видеа – Snap објави дека планираат да отпуштат 20% од вработените. Snap имаше 6400 вработени, па најавената бројка е над 1200 отпуштени работници. Со отпуштањата беа зафатени сите сектори, од развојните тимови кои работеа на нови функционалности, до хардвер тимот кој работи на развој на очилата AR Spectacles и камерата Pixi. Од почетокот на 2022 до август, вредноста на акциите на Snap падна 80%, па намалувањето на бројот на вработени веројатно не е изненадување.

Еден од најдобрите начини за следење на отпуштањата во ИТ секторот е Layoffs.fyi. Станува збор за алатка која беше официјално објавена во февруари 2020. Креирана е од Роџер Ли и првично го следеше бројот на отпуштени работници за време на ковид пандемијата. На страницата се објавуваат сите отпуштања и компании кои ги отпуштаат вработените. Дополнително во графички приказ може да се забележи и колку компании отпуштиле работници и како се движат трендовите. Еден од недостатоците на алатката е што за да бидат додадени податоци на листата, мора да бидат јавно објавени, а за листите на отпуштања треба да добијат дозвола од отпуштените работници. Сепак, секој податок што е достапен се додава на Layoffs, што ја прави платформата една од најточните и најпрецизни алатки за следење на отпуштањата во секторот.

Инженерите се помалку погодени, продажба најмалку

Најави за тешката состојба беа најавени уште пред летото. Најголем дел од компаниите уште тогаш најавија намалување на вработувањето во некои секторите.

Со отпуштањата во најголемите компании се опфатени сите сектори, но некои сектори се погодени повеќе од другите. Одделите за човечки ресурси и регрутирање се најпогодени. Најбезбедни, барем досега, се вработените во продажба. Инженерите, маркетинг тимовите и дизајнерите се нешто побезбедни кога отпуштањата се во прашање, но добра вест за инженерите е дека нивното вработуваење не е замрзнато и најголем дел од компаниите и натаму се отворени за овој профил.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments