Изминатите неколку дена не се добри за сите кои се заговорници на заштита на лични податоци и на слободата на говор. Најпрво Елон Маск се согласи да ги исполни барањата на Бразил и X да се врати да работи во оваа јужноамериканска држава. Потоа и Павел Дуров од Telegram се согласи да ги исполни барањата на некои држави за споделување на дел од податоците на корисниците.
Telegram ќе споделува дел од податоците со државите
Апликацијата Telegram се согласи да сподели IP адреси и телефонски броеви од корисниците кога властите ќе имаат соодветен судски налог или друго валидно барање. Покрај ова Telegram ќе собира метаподатоци како IP адреси, уреди и верзии на Telegram апликацијата.
Промената во правилата не треба да ги исплаши обичните корисници, туку криминалците кои ја користат платформата.
„Иако 99,999% од корисниците на Telegram немаат врска со криминал, останатите 0,001% кои се инволвирани во криминални активности креираат лоша слика за целата платформа, што ги става интересите на речиси милијарда корисници во опасност“, вели Павел Дуров, кој се надева дека направената промена ќе ги обесхрабри криминалците да ја користат платформата.
Слично како Google, и Telegram ќе споделува тримесечни извештаи за тоа како и колку споделува податоци со властите.
Ова е значителна промена за Дуров кој неодамна беше уапсен во Франција, пренесе BBC. Дел од обвиненијата подигнати против него беа и овозможување на криминална активност на платформата. Помеѓу криминалите за кои се обвинува Telegram има злоупотреба на деца и трговија со опојни дроги.
Пред промената на правилата, Telegram имаше политика која строго ги ограничуваше условите под кои можеше да споделува информации за корисниците со властите. Споделуваа податоци само во случаи поврзани со тероризам. Поради ова платформата беше многу отпорна на барања за информации за корисници. Исклучок беа случаите за кои постоеше судски налог поврзан со терористички активности.
Оваа политика го претвори Telegram во платформа која беше привлечна за многу корисници. На платформата се приклучуваа и политички дисиденти, кои бараа безбедно место за комуникација без страв од надзор. Меѓутоа, оваа отвореност доведе до зголемена злоупотреба на платформата. Се појавија проблеми со криминални активности, вклучувајќи трговија со дрога, дезинформации, детска порнографија и други незаконски содржини.
Платформата беше критикувана поради недостатокот на адекватни механизми за модерирање на овие содржини. Ова придонесе за создавање на впечаток дека платформата е безбедно место за криминалци. Критичарите сметаа дека Telegram, со својата политика на непостапување, придонесе за ширењето на нелегални активности.
Telegram започна да користи и вештачка интелигенција како дополнување на модераторите за да помогне со подобро модерирање на содржината. Благодарение на ова дел од содржината повеќе нема да се појавува во резултатите од пребарувањата.
Минатата недела Украина им забрани на своите државни претставници, воениот персонал и вработените поврзани со критична инфраструктура да користат Telegram.
Елон Маск сепак нема да ја спаси слободата на говор во Бразил
По само три недели одлевање на притисоците од властите во Бразил, X сепак ќе ги исполни барањата на судот и ќе се врати во државата. Враќањето на платформата за 21 милиони корисници доаѓа откако претставниците на X го информираа судот во Бразил дека именувале правен застапник. Ова беше неопходниот чекор за платформата да продолжи со својата работа во Бразил.
Претходно Елон Маск го критикуваше судијата Александре де Мораеш. Го нарече опасност за демократијата, и го обвини го за злоупотреба на овластувања. Судската наредба за блокирање на одредени сметки на X потекнува од одлука од 2020 година. Пресудата е за говор на омраза, поврзана со демократските институции. Со неа главно се поврзуваат поддржувачите на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е под истрага за различни престапи.
За повторно активирање, X мора да ја финализира правната репрезентација, да плати казна од 1 милион долари и да докаже дека сите идентификувани сметки се блокирани. Овој конфликт барем за кратко ги привлече вниманието на целиот свет. Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро изрази поддршка за Маск, опишувајќи ги акциите на судот како нарушување на правата.
Казната која треба да ја плати X е поради неовластеното враќање на платформата во Бразил кое по грешка се случи минатата недела.
Едно е да бидеш ХРАБАР и објективен,а друго е да си кукавиаца и да с еприклучуваш без критичко мислење кон сатанскиот запад,затоа што ти плаќа пари да лажеш и да се приклучуваш на стадото како овца без размисла за сопствената Слобода,критичка здрава мисла и правеичнот.
Не е вистина дека се работи за такви прикаски и гонење на криминалци,ги заболе увце КРИМИНАЛЦИТЕ владини во сатанска америка за тоа..тие секако го фаворизираат криминалот..и педогфилијата..НИЕ ги боли што тука има комуникација на воени лица,па дури и нивни луѓе,каде им беше гарантирана заштита од набљудување на светскиот полицаец и што беше исходот апсење на овој(алчник за пари),кој мислеше дека сатанскиот запад е демократски и ќе има правичност,слобода на изразување и пред се размена на мислења..
Затоа не се преправајте како некои модераотир на форумот па ги санкционираат оние критичари на нивните педофилски и малоумни банирања,мислејќи дека го фатиле горнион за . скокалиња,па сега ќе мудруваат некакви си полицајци на мислата..бедно е ваквото вапше размислување..
Добро е што свето се ослободува,војната меѓу цивилизациите е почната,Вие одбравте страна на сатанта..ќе си поминете убаво..