Технологии на иднината: Li-Fi [серијал]

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Хардвер

Овој текст е дел од серијалот „Технологии на иднината“ во кој во серија од неколку текста ќе ви ги претставиме идните технологии кои ветуваат и имаат потенцијал за широка адаптација.

Во текот на годините сме пишувале за повеќе различни технологии кои ветувале дека ќе бидат иднината во својот сектор, од електрични автомобили, до Google glass, холограмска технологија, проширена реалност па дури и Project Soli кој од 2015-та до сега помасовно е имплементиран во Pixel телефоните. Дел од технологии засега сè уште не го оствариле својот потенцијал во целост, а најголем број од технологии кои ветувале огромни промени или се во рана фаза на развој и адаптација и за првата практична примена ќе треба да поминат барем уште неколку години или пак имаат реални проблеми во нивна продукција, применливост или општа прифатеност.

Независно од тоа, вградено во сржта на сите инволвирани во технолошкиот сектор е иновацијата и решавање како на тековни така и на непостоечки проблеми. Во 1337 серијалот кој го започнуваме денеска, ќе фрлиме поглед на технологии кои сметаме дека вреди да се споменат и кои се веќе во одредена фаза, имаат потенцијал и применливост, технологии за кои може да ги наречеме, со секако задржан мал скептицизам, технологии на иднината – дали блиска, далечна или непостоечка, времето ќе покаже…

Првата технологија од овој серијал е Li-Fi (или LiFi), односно безжична комуникациска технологија која користи светлина за пренос на податоци и позиција помеѓу уредите. Она по кое се разликува Li-Fi од општоприменетата Wi-Fi е по тоа што Wi-Fi користи радио фреквенција за да создаде напон во антената за да може да пренесе податоци, додека Li-Fi користи модулација на интензитетот на светлината за да изврши пренос на податоци.

Li-Fi

Безжичниот пренос на податоци преку светлина не е новитет. Првите тестови на Li-Fi надвор од контролирана средина во 2015 година покажаа дека надвор од контролирана средина, мрежата овозможува проток од 1GB/s, што тогаш беше 100 пати побрзо од постоечките Wi-Fi мрежи. А теоретски, Li-Fi има потенцијал да овозможи проток и од 100 Gbit/s, и она што е можеби поважно, нема ограничување на спектрумот како што има Wi-Fi-то со радио фреквенциите

Едно промашено ветување…

Во 2013-та година, MarketsandMarkets во своето истражување процени дека Li-Fi ќе има годишна стапка на раст од 82% од 2013 до 2018 година и дека пазарот на оваа технологија ќе вреди над 6 милијарди долари годишно до 2018 година. За жал, пазарот не се разви како таков и Li-Fi останува засега со мал пазар кој главно се користи како истражување на технологијата и нејзините можности.

Li-Fi треба да помогне да се надмине и најголемиот проблем на мрежите кои користат радио-бранови за пренос на информации – бавниот транспорт на податоци. Дополнително како предизвици се јавуваат извори на електромагнетно зрачење кои се пречка за преносот на сигналот. Наместо ова, група научници од Универзитетот Единбург предводена од професорот по мобилни комуникации Харланд Хас, има предложено за трансфер на податоци да се користи светлина. Хас заедно со д-р Мостафа Афган е и основач на компанијата pureLiFi, која работи на развивање на прототипи и продукти кои ќе ја забрзаат адаптацијата на Li-Fi. За нас интересно е што во компанијата на позиција потпредседател за стандардизација и бизнис развој работи и човек по име Никола Серафимовски, Кој лично не го знаеме, но секако дека го контактиравме за интерјву кое се надеваме дека ќе биде објавено во блиска иднина. :)

Еден од последните прототипи на pureLiFi им е футрола за мобилен со Li-Fi антена за да се демонстрира технологијата и преносот на податоци помеѓу два телефона.

Како работи Li-Fi?

Комуникацијата со радиофреквенција бара радио кола, антени и сложени приемници, додека Li-Fi е многу поедноставен и користи методи на директна модулација, слични на оние што се користат во евтините инфрацрвени комуникациски уреди, како што се единиците за далечинско управување.

LED светилките имаат висок интензитет и затоа можат да постигнат многу големи стапки на податоци.

Со предлог концептот, LED диодите ќе трепкаат супер брзо – незабележливо за човечкото око. Луѓето нема да ги забележуваат овие „треперења“ на светлината, но уредите како паметни телефони, часовници, лаптоп компјутери ќе бидат директно поврзани со светлосната мрежа. Дополнително никакви електромагнетни-пречки нема да имаат влијание на Li-Fi мрежите.

Во просек брзината на актуелна Wi-Fi 6 технологија овозможува брзина од 4,8Gbps со максимална брзина на трансфер на податоци од 9,6 Gbps. Li-Fi може да достигне 3,5 Gbit/s по боја од RGB или вкупно 10,5 Gbit/s. Брзината на Wi-Fi мрежата значително напредуваше овие 10 години, па сега предноста на Li-Fi изгледа значително понеимпресивно, меѓутоа сепак решава проблеми со кои се соочува Wi-Fi како лимит на спектрум и ограничувања од електромагнетно зрачење.

Во очекување на IEEE 802.11bb стандардот…

Компании како Signify (компанијата која од Philips го откупи одделот за паметно осветлување Hue), pureLiFi и други повеќе години лобираат за признавање на стандардот 802.11bb и негова комерцијализација. Во склоп на IEEE 802.11 работната група има и помала, целна работна група предводена од Никола Серафимовски која работи на тоа да се прифати стандардот 802.11bb којвоедно е и единствен метод со кој се спојува Li-Fi со 5g технологијата. А ако е се по план, стандардот ќе биде адаптиран во јули, 2022 година. Дополнително, формирана е и Light Communications Alliance со задача за стандардизација и креирање на екосистемот потребен за адаптација на Li-fi.

FYI, IEEE 802.11 е дел од IEEE 802 сет на технички стандарди за локална мрежа (LAN) и го специфицира збирот на протоколи за контрола на пристап до медиумите (MAC) и физички слој (PHY) за имплементација на компјутерска комуникација преку безжична локална мрежа (WLAN), додека пак EEE 802 е семејство на стандарди на Институтот за електро и електроника инженери (IEEE) за локални мрежи (LAN), персонална област (PAN) и мрежи за градско подрачје (MAN).

Примената на безжичниот пренос на податоци со светлина делува теориска, но во пракса светлината се користи за трансфер на податоци на поголемо растојание, светлината се користи и за трансфер на податоци и во оптичките кабли. Во овој случај движењето е исклучително насочено низ тенките влакна, па така со Li-Fi наместо низ влакна, светлината зрачи слободно насекаде низ просторот.

Li-Fi модули фотографија на Volker Jungnickel (https://www.researchgate.net/profile/Volker_Jungnickel, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=83820047)

Во теорија технологијата може да обезбеди и побрз пренос на податоци, до 100 Gbit/s, што е 5 пати побрзо од 5G мрежата. Светилките веќе се присутни и може да користат, а и цената на технологијата е релативно ниска. Како предавател се користат LED диоди, а приемници се фоторецептори. Деловите кои се замена за антената доаѓаат со фото-детектор како приемник и инфрацрвен предавател за испраќање на податоци.

Интересно, дел од предностите истовремено се и најголем недостаток на технологијата. Пристапот до мрежата е ограничен со пристапот до светлината. Хакирањето е можно во значително помал простор, што ја прави мрежата побезбедна. Од друга страна пак ова го намалува и просторот во кој мрежата е достапна – секој ѕид, врата, завеса се пречки за сигналот. Проблемот може да се надмине со поставување на повеќе предаватели, но значителен проблем претставува и интерференцијата со сите останати извори на светлина, на пример сончевата светлина.

Потенцијално Li-Fi би можело да се користи во различни објекти во кои има проблеми со електромагнетно зрачење, или ако во овие објекти е потребна поголема безбедност. Што значи дека технологијата е совршена да се користи и во јавни институции, болници, авионски кабини или во воени објекти.

Засега, иако технологијата постои речиси 10 години се уште нема комерцијална примена, а дали прифаќањето на 802.11bb стандардот ќе помогне во тоа, ќе видиме во 2022 година… дополнително се надеваме дека наскоро ќе имаме можност со Никола да продискутираме на таа тема.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (1)

Loading new replies...

Ли-Фи само за одредени уреди поради кратко растојание на пренос на сигнал
Пречки ? Ограниченоста на уредот да пренесува преку било какви пречки. (мора од предавател до приемник да е бришан простор)
Пречки при имплементација? Макотрпно подесување.
Технологија на иднината? Не ! Зошто? Поради трите точки погоре.

одговори 1 лајкови

одговори 7 лајкови

види цела содржина...

Ма јок каков Лајфај. Не можам да замислам ниту едно сценарио каде би бимало било какова предност испред Wifi и BT. Anyone?

одговори 1 лајкови

LiFi како концепт постои повеќе од декада ама нажалост не доби моментум (барем не онака како што се надеваа тие кои ја форсираа оваа технлогија). Денес е во рангот на niche market технологии и искрено сметам дека таму и ќе остане се дур не се појави сериозна промена на пазарот која би ги свртела работите во корист на оваа технлогија.

Pros:
1. Неспоредливо поголема брзина од WiFi (брзини од типот на стотици гигабити во секунда)
2. Десетина илјади пати поголем спектар од WiFi
3. Многу побезбедна трансмисија (мора физички да си присутен таму за било какво пресретнување податоци или piggybacking)
4. Отпорна на интерференција

Cons
1. Краток домет
2. Релативно ниска доверливост (reliability)
3. Релативно високи трошоци за имплементација
------------------------------------

@Nikola100 не мора да имаш бришан простор (LOS), LiFi како технологија користи Multipath пропагација (покрај директниот бран користи и бранови добиени како резултат на рефлексија или рефракција). Но повторно стои лимитрацијата дека треба да си во "близина" на изворот. Дополнително, во отсуство на главниот бран, брзините се страшно ограничени (нешто како 5% од потенцијалот, што е пак во рангот на 100тина Mbps).

@Astro Поради фактот што не користи радиоспектар е особено пожелна во ситуации каде и најмалото електромагнето зрачење може да претставува проблем (нуклеарни постројки, авијација, медицински и истружувачки објекти итн). Колку и дали се користи е друга работа

Дополнително технологијава може да најде примена во следниве обласити:

1. Индустрија, како замена за industrial ETH (онаму каде би било мачно/комплицирано да се инсталира мрежна инфраструктура)
2. Начин за безбеден транфер на податоци (во установи каде ради некоја причина жичана инфраструктура е проблем, или во домашна околина)
3. Сообраќај (имаше еден концепт за сите автомобили,семафори и сообраќајни знаци да комуницираат меѓу себе за споделуивање информации и безбедност при возењето(ова подразбира автопилоти или assisted driving ))

Предвидувањата беа (гледав презентација на MWC Barcelona кога ја претставија, мислам беше 2013 или 2014 не се сеќавам) дека LiFi ќе биде поефтина технологија од WiFi ама искрено појма немам дали сеуште интензивно се работи на неа и до каде се воопшто стигнати

Како технологија има голем потенцијал, прашањето е колку и дали ќе и се дозволи да се равие и да ги надмине оние детски болести (имплементација, комплексност итн) за да може да најде некоја посериозна примена на пазарот

одговори Лајк

Оптички кабел без кабел, чудо големо.

одговори Лајк

Абре кабел си е кабел, Телекабел...

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

одговори 2 лајкови

Добивај известувања
Извести ме за
guest
7 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Повеќе за Li-Fi може да прочитате тука. […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix Global

QA Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk