Ако нешто има за извоз во IT сферата тоа се бројни акроними. Користејќи акроними како WI-FI, USB, ROM, PDF, и ATM и многу други е исклучително практично, но дали некогаш сте се запрашале што всушност значат и од која комбинација на зборови потекнуваат? Во оваа прилика ги разгледуваме токму нив, заедно со кратко објаснување извлечено од македонската верзија на Wikipedia.
WI-FI – Wireless Fidelity, безжична веродостојност) — заштитен знак на алијансата за безжично поврзување, кој производителите можат да го користат за обележување на своите сертифицирани производи од класата на WLAN (wireless local area network) односно уреди засновани на IEEE 802.11 стандардите. Поради поврзаноста со овие стандарди, поимот Wi-Fi често се користи како синоним за технологијата заснована на IEEE 802.11стандардите
USB – Universal Serial Bus = „универзална сериска магистрала“ — надворешен приклучок за разни периферни уреди (печатач, глувче, тастатура, мрежна камера, модем итн.). Го карактеризира голема брзина и едноставност во приклучувањето.
ROM – Read-Only Memory меморијата, е компјутерска меморија од која може само да се чита. Основна карактеристика на оваа меморија е дека таа не ги губи податоците и по исклучувањето на компјутерот, а невозможноста за изменување е последица на технички ограничувања и потреба за заштите на содржината.
PDF – Portable Document Format (PDF) (прев. Преносен формат за документи) — податотечен формат создаден од страна на Adobe Systems во 1993 за размена на документи. Adobe PDF се користи за претставување на дводимензионални документи на начин независен од софтверот, хардверот и оперативниот систем.
ATM – Automated Teller Machine, претставува кованица за автоматска банка или автоматски шалтер, кој овозможува пристап до некоја банкарска услуга, без човечко присуство. Првиот банкомат се појавил во САД, во 1968 година.
Тоа беа петте акроними кои ги одбравме за денес, наредната тура, ветуваме, ќе биде многу потешка! :)