1 коментар 2 мин. читање 4 јуни, 2015

Project Soli е луд обид на Google за интерфејс со радиобранови

Project Soli е неверојатен проект на Advanced Technology and Projects одделот на Google, кој со помош на радиобранови ја отчитува положбата и гестикулацијата која корисникот ја прави со рацете. Ова овозможува со гестикулации во воздух да се заменат различни контролери како компјутерското глувче, копчиња на часовникот и речиси се што можете да замислите.

Технологијата овозможува голема прецизност, а благодарение на мапирањето на сигналите од гестикулациите овозможено е интуитивно контролирање и управување со куп паметни алатки од компјутери до паметни часовници. Една од најголемите предности е што чипот кој го прави ова е минијатурен, па може и да биде употребен во најразновидна технологија. Доколку Google успешно ја имплементира оваа технологија ако ништо друго барем паметните часовници ќе бидат далеку поатрактивни, иако останатите слични контролери како Leap Motion или Kinect се далеку од прецизноста на Soli. Ако на ова ги додадеме Project Glass и проектот на компанијата Magic Leap, во која Google инвестира околу 500 милиони долари, без сомневање иднината на новиот кориснички интерфејс е „зад аголот“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top