Супер армијата на Mozilla Firefox
Mozilla го стартува својот Army of Awesome проектот, кој е обид да се регрутира Mozilla заедницата, експертите и ентузијасти кои ќе помогнат и одговорат на корисничките прашања и технички проблеми.
Mozilla го стартува својот Army of Awesome проектот, кој е обид да се регрутира Mozilla заедницата, експертите и ентузијасти кои ќе помогнат и одговорат на корисничките прашања и технички проблеми.
Microsoft ja пушти за симнување бета верзијата на Internet Explorer 9. Од новиот прелистувач се очекува не само да ја задржи, туку и продолжи IE доминацијата на пазарот на прелистувачи каде Firefox и Chrome стануваат сериозни играчи. Во последниве три години користењето на IE забележува пад од 90 до сегашниве 60 отсто. Покрај конкуренцијата дополнителна грижа за IE е и европската забрана да се дистрибуира IE со инсталација на Windows, односно корисникот сега при инсталацијата ќе има избор од неколку прелистувачи.
Google стартува нова верзија, шеста на Chrome прелистувачот кој денес го слави вториот роденден. По само две години од стартувањето Chrome стана третиот најкорисен прелистувач на глобално ниво, со десет отсто од пазарот.
Често се случува да наидете на порака дека не можете да отворите еден сајт. Ако е сајт кој функционирал веднаш си помислувате дека можеби е нешто до вашата интернет конекција. Затоа за да нема забуни Google Chrome сега ве информира дали и другите корисници имаат проблем да пристапат на тој сајт.
Wilderness Downtown е Chrome проект, направен од Крис Милк, со кој се демонстрираат HTML5 можностите на прелистувачот. Се работи за видеото за песната „We Used To Wait“ на Arcade Fire кое ги користи Google Мaps и Street View заедно со HTML5 canvas, аудио и видео елементи, интерактивна алатка за цртање и кореографија на прозорчиња „да игра околу екранот“.
ZDNet објави слика и пост од новиот интерфејс на Internet Explorer 9 превземени од рускиот сајт на Microsoft пред истите да бидат одстранети. Од сликата се гледа дека IE 9, како и сите модерни прелистувачи, има интересен и едноставен дизајн со кој се остава повеќе простор за веб страната, прелистувачот има само навигациски бар и помалку копчиња.
Многу бргу откако Google го претстави од Chrome на Phone, се објави и од Fox на Phone додатокот. Двата додатока за двата прелистувачи функционира исто, значи имате едно копче и со него префрлувате линковите од прелистувачот до Android телефонот. Со FoxToPhone ќе можете да префрлувате линкови на телефонот само со еден клик и ќе можете да префрлувате делови од текст на телефонот.
Google ги претстави од Chrome на Phone додатокот со кој инстантно праќате линкови, YouTube видеа, мапи од прелистувачот на вашиот Android 2.2 (Froyo) телефон. (наjaвен е и oд Chrome на iPhone)
Доколку има отворена Facebook страна заедно со уште неколку табови во прелистувачот, друштвената мрежа ќе информира преку табот со бројче покрај текстот ако има нови нотификации, како барање за пријателство, коментари, пораки...
Покрај надоградбите за Safar 5, Apple ја стартуваше и екстензиите како и галеријата за екстензиите.
Корисниците на мобилната Opera Mini прегледаа над 1 милијарди страни секој ден, а секоја секунда се компресираат преку 11.500 веб страни пред да ја прати таа содржина до телефоните ширум светот објави Opera славејќи го ова достигнување кое е навистина вредно бидејќи Android, iPhone и другите паметни телефони си имаат свои прелистувачи.
(Рецензијата за Maxthon 3.0 бета прелистувачот е гостински текст од Златко Јованов познат во сајбер просторот како ZlateWay. Златко е гик 4 лајф, сака фотографија, технологија и не е тешко да биде насмеан...)
Се објави бета верзијата на Firefox 4 која носи промени во функционалноста како и комплетно различен изглед. Прелистувачот е достапен за симнување заедно со опција да испратите фидбек до Mozilla со цел да се добие конкретен и финален производ.
Користеноста на Google Chrome се зголеми пет пати во последниве година дена, односно сега 30 отсто од посетите на It.com.mk доаѓаат од тој прелистувач.
Eдно од најзабавните нешта со Firefox е можноста да се персонализира прелистувачот и тоа функционира перфектно. Mozilla објави дека се симнати над 2 милијарди! додатоци за Firefox, а над 150 милиони се користат секој ден.
На WWDC Аpple покрај iPhone 4 го претстави и новиот Safari 5 прелистувач за Windows и Mac. Новините во новиот Safari се брзината и подобра компатибилност, а корисникот ќе може да одбере дали ќе пребарува со Google, Yahoo или Bing. Според Apple со Nitro JavaScript енџинот Safari 5 na Маc работи 30% побрзо од Safari 4.
По одобрувањето од американската Федерална комисија за трговија, сега е официјално - Google се вклучи во мобилното рекламирање со купување на AdMob платформата за 750 милиони долари. Google вели дека мобилниот маркетинг зазема се поголем дел од стратегиите на нивните партнери и клиенти, па така таа станува централен дел од нивниот бизнис.
Flickr Image Search е додаток за Chrome прелистувач, додаток со кој ќе можете да го пребарувате Flickr, друштвената мрежа за фотографии, без воопшто да го напуштате сајтот на кој се наоѓате.
Преку 50% од околу 800.000 македонски корисници користат Mozilla Firefox, од нив над 100.000 користат локализиран Firefox, се спомна на денешнава средба на Mozilla заедниците од Балканот.
Бета верзијата на Firefox 4 ќе се појави во јуни, најави Мајк Белтцнер, директор за продукти во Mozilla, кој објави презентација и видео за плановите како ќе изгледа новиот прелистувач.