Прелистувачот има и нов Safari Reader, читач со кој корисникот може да го издвои текстот од рекламите на сајтот. Safari ќе го детектира сајтот со текстот и со кликнување на Reader опцијата ќе може да се добие прегледен текст, заедно со опции за споделување на текстот.
Секако тука е и подобрената HTML5 подршка. Аpple и понатаму продолжува да вели „веб стандардите се иднината на Интернетот.“
Објавена е и бесплатната Sаfari Developer програмата преку која програмерите ќе можат да го персонализираат и подобрат Sаfari 5 со екстензии базирани на стандардни веб технологии како HTML5, CSS 3 и JavaScript користејќи го Safari Extension Builder.
Сите овие новини и подобрувања се одлични… но само за 3-5% од корисниците. Safari се уште е малку користен прелистувач, далеку зад IE, Firefox и Chrome.
Повеќе за Safari 5 како и линк за симнување ќе најдете на официјалниот сајт.