„Секој ден илјадници луѓе твитаат Firefox прашања. Сакавме да најдеме лесен начин за нив да добијат одговор веднаш од другите Firefox корисници.“ вели Кадир Топал oд Mozilla.
Секој кој има Twitter профил ќе може да се приклучи. Потребно е да се посети веб страната на „супер армијата“, да се одбере твит со прашање и да се одговори.
Но… не секој твит е поврзан со Firefox прашање или проблем, туку голем дел од нив се споредба меѓу прелистувачите и препукувањa за кој е подобар Chrome или Firefox. Затоа доколку некој е разположен да помогне на некој Firefox корисник, ќе мора да прелиста малку за да дојде до одреден проблем кој може да се реши.
Во случај да е потребно решение подолго од 140 карактери, Mozilla препорачува решенија од форумот и во базата на знаење.