1 коментар 1 мин. читање 4 август, 2010

Facebook нотификациите сега се појавуваат на табот на прелистувачот

Вака корисникот не мора нон-стоп да се префрлува на табот со отворениот Facebook, туку ќе е потребно брз поглед да се види дали има нови нотификации. Од друга страна, Facebook е зависност, па сега ќе се биде постојано во готовност на нови нотификации.

Проблем со ова мала новина е што кога се отвараат повеќе страни, пример повеќе од 7, табовите се смалуваат и со тоа и текстот, па бројчето кои информира за нотификациите го снемува.

Нотификациите преку табовите функционираат со сите прелистувачи.

„Овие нотификации преку табовите ја олеснуваат Facebook еволуцијата од посетена дестинација како веб страна, во алатка која е често оставена отворена во прелистувачот, како имејл.“ забележува InsideFacebook.

Корисниците откако го отвараат Facebook, продолжуваат да си прават други работи на интернет, па овие нотификации ќе ги привлечат корисниците назад.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@pipelinmkd
15 years ago

Копираат од Twitter, хммм интересно :)

Мени
Заедница
Изглед
To top