ИТ.мк: Со 1 шоља за 1 денар за 1 ден до успех
Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања - 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.
Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања - 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.
Анкетата е мотивирана од текстот на BBC каде 79% од луѓето ширум светот веруваат дека интернетот е основно човеково право. Во нивната анкета беа изоставени македонските корисници па затоа поставивме наш прашалник - „Дали интернетот е основното човеково право?“ Резултатите се дека 81.1 отсто од 238 посетители (или 193 посетители) веруваат дека интернетот е основно човеково право. Од нив 8 отсто веруваат дека секој човек мора да има можност да чита и да споделува информации. Можеби најголемиот аргумент е што интернетот дозволува глас на луѓето, секој да може да си го каже тоа што го мисли.
Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се собере поголема почит и секако - пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.
Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.
Pesna.org е најголемата интернет колекција на македонски народни песни. Колекцијата има околу 650 песни, а љубителите на народната музика можат да го прочитаат текстот, да ја слушнат песната, и тоа од неколку изведувачи, и имаат можност да си симнат песната, но со послаб квалитет поради авторските права, вели Зоран Сталевски алијас GoodBytes, креаторoт на Pesna.org.
„Дали сте размислувале дека секој може на Интернет да објави или да монтира дискредитирачка видеоснимка, текст или аудио и со тоа засекогаш да ви ги уништи угледот и кариерата?“ вака започнува текстот на Нова Македонија која користејќи го 9 фебруари како ден за онлајн безбедноста пишува за тоа како луѓето се плашат од интернетот.
Министерството за информатичко општество го објави својот „Википедија“ проект кој е иницијатива за збогатување на онлајн енциклопедијата со македонска содржина, иницијатива во која се вклучени неколку универзитети.
Помалку носталгично, но доста креативно и забавно македонската Twitter заедница започна интернет меме „umoevreme“. Секој од околу 375 твита започнува со хаш тагот и потоа следи спомен од минатото кога времињата можеби или не беа подобри.
Онлајн продавниците се доста атрактивно нешто. Нема потреба од шетање низ продавници, туку едноставно од дома пред компјутер си одбирате што сакате, го нарачувате и го имате. Но се чини дека македонските корисници не се баш наклонети кон овој растечки тренд. Според Заводот за статистика македонските корисници го користат интернетот за забава, комуникација и информирање. Само мал број, 8 отсто, од нив користат интернет за купување/продавање преку интернет.
Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет, ова го вели Preminportal.com.mk, веб портал за христијанството кој не изненади со своите Веб 2.0 идеи. Првин бев изненаден бидејќи се работи за […]
Ping.mk е нов сервис за споделување, читање и дискутирање вести. Сервисот работи како агрегатор за вести, но тоа што е важно е што корисниците се тие кои ја одбираат содржината. Може да се каже и дека е некој вид друштвена мрежа. Корисникот може да коментира за вестите и да гласа за нив со што ќе ги искачи нагоре на листата. Најкоментираните, најконтроверзните, најгласаните вести се појавуваат на посебни листи, секако според гласовите на корисниците. Со тоа самите читатели одредуваат кои вести се важни за нив!
Се појави нов извештај од GfK, компанија која врши истражувања на пазарот, со статистика за користењето на интернетот во Македонија. Извештајот е сличен со недамнешниот извештај на Заводот за статистика и покажува дека 52 отсто од македонците користат интернет, што спореден со 2008 година е раст од 2 отсто.
Најновиот извештај од Државниот завод за статистика покажува дека во првата четвртина од 2009 година, околу 54.1 отсто од домаќинствата користат компјутер. Од нив, 41.8 осто имаат интернет дома, а 81 отсто од нив користат широкопојасен (broadband) интернет.
Само 20 отсто од испитаните во нашата анкетата купуваат работи од онлајн продавници. Од 295 луѓе скоро 30 отсто никогаш не би купиле нешто преку интернет, скоро околу 16 отсто сакаат но се плашат, додека 22 планираат да почнат да купуваат бидејќи тоа е иднината. Вкупно луѓе што не купуваат преку интернет се 200 луѓе […]
Емисијата „Едубунту“, која е проект на МИО и на ФОН универзитетот, ќе започне да се емитува на Македонската Радио Телевизија секој работен ден на македонски и на албански јазик. Термините се 10:35 и 14:30 на првиот сервис т.e МТВ1 и 9:30 и 13:00 на МТВ2.
0.mk е македонски сервис за скратување на долгите линкови. Скратувањето на линковите главно служи за сервиси како Twitter, но многу често се користи и во други сервиси бидеќи http://0.mk/s1 изгледа многу подобро од http://it.com.mk/Intervju-so-Apostol-Tnokovski.
Во Декември, 2006 година, Владата го избра М-р Иво Ивановски за министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество во Македонија. Иво, кој е роден во Битола, има дипломирано на американскиот универзитет Охајо Стејт во 2000 година, а својата магистратура во насоката хардверски инжинеринг ја стекнал во 2003 година.