1
ИТ Aнкета: Онлајн шопинг, стандард, недоверба…
Онлајн продавниците се доста атрактивно нешто. Нема потреба од шетање низ продавници, туку едноставно од дома пред компјутер си одбирате што сакате, го нарачувате и го имате. Но се чини дека македонските корисници не се баш наклонети кон овој растечки тренд. Според Заводот за статистика македонските корисници го користат интернетот за забава, комуникација и информирање. Само мал број, 8 отсто, од нив користат интернет за купување/продавање преку интернет.