0 коментари 2 мин. читање 26 октомври, 2009

ИТ.МК: 40 отсто од Македонија на интернет

Интернетот претежно се користи за комуникација, информации и on-line услуги, пишува во извештајот за информатичкото општество. А за што други би се користел? Само 8 отсто од корисниците користaт интернет за е-шопинг и е-банкарство, наспроти 90 отсто од корисниците кои го користат интернетот за комуникација и информирање.

Интересно, ИТ е секојдневие за граѓаните во Македонија. 73 отсто од корисниците користат компјутер и интернет секој ден, или барем користеле секој ден во последните 3 месеци. Сите, скоро 90 отсто користат интернет и компјутер од дома, но само 17 отсто од корисниците користеле компјутер/интернет во училиште и факултет. Ова е интересен факт на кој треба да му се обрне внимание бидејќи младите се тие кои најчесто користат компјутер и интернет. Што кажува ова тогаш? Дека училиштата и факултетите немаат компјутери и интернет? Дека „Компјутер за секое дете“ е неуспешен проект?

Извештајот покажува и дека тие што имаат интернет и компјутер главно се во урбани средини, додека во руралните или „останато“ наречено во извештајот дури 74 отсто од населението нема интернет. Од нив 1.1 отсто не знаат дали имаат интернет дома! Друг интересен факт за руралните средини е што само 29 отсто од населението имаат компјутер дома.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}