Мобилно едитирање на Google Docs
Доколку имате Android 2.2 или iPhone/iPad сега ќе можете преку мобилниот да ги едитирате документите додека сте во движење. Достапно е и групното едитирање на документите, доколку повеќе луѓе работат на еден проект.
Доколку имате Android 2.2 или iPhone/iPad сега ќе можете преку мобилниот да ги едитирате документите додека сте во движење. Достапно е и групното едитирање на документите, доколку повеќе луѓе работат на еден проект.
Symbeose или Symbian - вметнатиот оперативен систем на Европа е конзорциум од 24 организации од 8 ЕУ земји чија цел е да се развијат модерни проекти кои ќе го зголемат глобалниот дофат на Symbian, односно овој мобилен оперативен систем да стане поконкурентен со Google-овиот Android и Apple-овиот iOS. Инвестицијата од 22 милиони евра во непрофитната Symbian фондација доаѓа од ARTEMIS иницијативата на ЕУ за истражувања и развој.
Инстант пребарувањето на Google, кога пребарувачот ви дава резултати додека го куцате терминот, сега е достапно и за мобилните верзии, односно за Apple уредите и мобилните телефони што работат на Google-oвиот Android оперативен систем.
Грешка во iOS 4.0.1, оперативниот систем на iPhone , предизвика секој аларм да ѕвони еден час подоцна, игнорирајќи го зимското сметање на времето кои се промени во неделата. Автоматскиот часовник на iPhone всушност го сменил времето, но алармот наместо во, пример, 8 часот, ѕвонел во 9.
AdMob, мрежата за мобилни реклами на Google, стартува интерактивни реклами за Android телефоните.
Според развивачкиот тим на Android, сега има над 100.000 апликации за Google-овата мобилна платформа. Популарноста на Android продолжува да расте благодарение на отвореноста, софтверот е со отворен код па многу производители го преферираат Android за своите мобилни уреди. Досегашните верзии на платформата ги преферираа мобилни телефони, но се претпоставува дека најновата 3.0 Gingerbread верзија на Android ќе биде приспособена за таблет компјутерите. Појавувањето на Android таблет компјутери сигурно ќе значи и повеќе апликации.
<Надополнето 24.09.10> Најновиот iPhone е достапен во Македонија. Повеќе инфо на страната на t-mobile.mk.
Apple објави правила во кои ги објаснува сите детали и критериумите зошто одбива апликации.
Стив Џобс го претстави најновиот iPhone 4 на WWDC конференцијата. Иако за телефонот се знае веќе некој месец, „кажете ми ако веќе сте го виделе“ г-дин. Џобс се пошегува на почетокот на презентацијата, сепак официјалното претставување значи дека ова е конечниот дизајн на најновиот Apple-ов уред. Покрај самиот уред најавени се нови апликации кои ќе ги има во телефонот, пример FaceTime апликацијата за видео чет во живо.