9 коментари 2 мин. читање

Претставен iPhone 4

Новиот iPhone 4 е :

  • околу 9.3 милиметри тенок, рамката на телефонот е од челик кој служи како антена
  • со 3.5 инчен екран како на стариот iPhone но со Retina Displey со 326 ppi (960×640 пиксели) дисплеј, највисока резолуција за мобилен телефон
  • работи на A4 процесорот кој го има и во iPad
  • батеријата држи 7 часа зборување, 6 часа за 3G сурфање на интернет, 10 часа видео или 40 часа слушање музика.
  • iPhone OS сега се преименува во iOS 4 и подржува мулти-такскинг, односно работење на неколку апликации истовремено
  • ќе може да се креираат фолдери за апликациите
  • 5 MP камера со LED блиц
  • може да се снима во HD 720p
  • има 2 камери, напред и назад на телефонот. Предната камера е наменета за FaceTime, апликација за видео чет
  • претставен е нов iMovie софтвер за обработување на видео кој чини 5 долари на App Store
  • има жироскоп со 3 оски, со кој апликациите реагираат на движења во вкупно шест оски
  • има синхронизирам имејл инбокс
  • има iBooks

iPhone 4 ќе се појави за продажба на 24 јуни во САД, Британија, Јапонија, Германија и Франција, останатите од листата на 88 земји ќе го добијат во наредниве месеци. Ќе чини 200 долари за 16 GB и 300 долари за 32 GB уред. Ќе го има во црна и бела боја.

Повеќе слики од телефонот ќе најдете во официјалната галерија, а подолу е видео за дизајнот и новитетите на уредот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top