Flipboard, iPad магазин за друштвени мрежи
Со iPad-от, всушност со следнава ера на таблет компјутерите, магазините добија ново поле како можат да се модернизираат. Веб страните делуваа некако ограничено бидејќи магазини не се читаат седејќи нон стоп пред компјутер, додека мобилните не се за читање текстови, но таблет компјутерите... тие се мобилни уреди кои се доволно големи да се чита на нив, доволно лесни за користење со можност за листање на страни со допир како и прав магазин, само во дигитална форма.