Eдна валута за сите апликации, вели Facebook

1 коментар 1 мин. читање

Facebook зборуваше за Credits системот на неодамнешната F8 конференција што значи дека Facebook ќе воводе официјална валута. Корисниците ќе можат да ги купуваат кредитите за реални пари, и со нив ќе можат да купуваат разни додатоци за апликациите. Пример, купување на ексклузивни растенија за FarmVille. Facebook ќе зема 30% од користењето на кредитите во апликациите.

Сега за сега проблем е транзициониот период на стартување на Credits проектот и наоѓање доволно партнери за негова имплементација, вели г-дин. Тејлор.

„Долготрајната визија е бидејќи има големи партнери кои ќе ги користат, ќе има и вредност во системот, што ќе помогне за стартапите, посебно за независните програмери на игри.“

Oд друга страна, Facebook најави дека од 1 август ќе ги тргне подароците од мрежата. Иако кредитите ќе помогнат за делење подароци, сепак претпоставката е дека тие не се популарни на мрежата бидејќи луѓето се посветија на апликациите. Но и тука има интересен проблем со популарноста.

Нa Facebook убедливо најпопуларни се игрите, но недостасуваат корисни апликаци и алатки за бизнис, вели г-дин. Тејлор.

Целото интервју можете да го најдете на InsideFacebook . Еве преведена верзија на македонски со Google Translate.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед