Сега сите мобилни апликации ќе имаат свое Like копче за да го одбележите и споделите тоа што ви се допаѓа. Но покрај самото споделување г-дин. Тсенг објасни и сценарио каде препораките стануваат дел од рекламите свесни за локацијата. Еве како Cnet го објасни неговиот говор.
„Тсенг претстави сценарио каде пријателска препорака се агрегира во вашата постоечка мрежа на Facebook пријатели кои се поврзани заедно со реклами свесни за локација. Идеата е дека гео-локациски апликации кои промовираат купони или други промоции за да привлечат потрошување во продавницата, сега ќе можат да инкорпорираат мисли на пријателите или локација со што додава контекст и персонализација на тоа што може да биде гледано како спам или тешка продажба.“ пишува Cnet.
Не беше објавено кога точно ќе стартуваат мобилниот Open Graph, но се спомена дека ќе се појави наскоро како додаток за програмерските китови за iPhone и Android.
Додатно на конференцијата г-дин. Тсенг рече дека сега 150 милиони корисници ги користат мобилните верзии на Facebook.