Комплетно бришење профил на Facebook од самиот почеток беше комплицирано бидејќи опцијата беше скриена низ менијата. Сега ако успеете да пројдете преку фотографиите од пријателите кои Facebook ви ги фрла во лице велејќи дека ќе им недостигате, обидувајќи се да ве задржи на мрежата, ќе успеете да си ги избришете личните податоци.
Delete account е комплетно бришење на профилот! Тоа значи дека отидоа информациите, сликите и се што сте споделиле на мрежата. Но.. ова не е деактивирање на профилот. Деактивирање значи само да се стави профилот во мирување, односно да не добивате пораки и апдејти, ниту да се гледа профилот, но сите информации се зачувуваат на мрежата. Профилот се активира повторно само со логирање на мрежата.
Интересно, за оваа новина немаше најава, што е разбирливо бидејќи многумина ќе ја тестираат. :)

Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.