Facebook тестира препознавање на лица на фотографиите

3 коментари 1 мин. читање

„Луѓето сакаат да ги тагираат своите пријатели и фамилијата во фотографиите, но чувме дека тоа може да биде досаден процес. Сега можете да додавате тагови со само едноставен клик директно од вашата домашна страна или други секции на сајтот, користејќи ја истата технологија за препознавање на лице што ја користат фото апаратите со години. Започнуваме со затворење тестирање на оваа технологија која се уште не можете да ја видите.“ вели Сам Одио од Facebook.

Facebook ја користи технологијата на Divvyshot, мал стартап кој го купија пред два месеци. Технологијата ги препознава лицата, не и личностите, треба да се направи разлика. Но, ова е дефинитивно почеток на тоа детектирањето на личноста од лицата на фотографиите. Но, најверојатно со таква опција ќе треба да очекуваме и опции за приватност за препознавање на фотографиите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top