0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2010

Facebook го предомисли нигерискиот претседател

Но претседателот Џонатан ја смени таа одлука откако илјадници нигеријци му пратиле Facebook пораки.

„Ги послушав вашите гласови и на другите и ние мора да работиме заедно да се осигураме дека NFF (нигериската фудбалска асоцијација) и нашите играчи не направат горди на идните натпреварувања.“ напиша нигерискиот претседател на својата Facebook страна. Оваа порака им се допаднала на над 77.000 луѓе.

Тоа што е интересно е што г-дин. Џонатан ја отвори својата Facebook страна само пред недела дена велејќи дека сака интеракција со граѓаните. Toj за само недела дена има над 75.000 фанови.

Инаку, правиот притисок врз Нигерија го изврши FIFA претејќи дека ќе ја исклучи земјата комплетно не само на две години бидејќи според правилата на фудбалската организација властите не смеат да се мешаат во спортот.

Можеби Facebook пораките се само добар начин политичарите да истакнат дека ги слушаат граѓаните.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top