1/3 од европејците си имале проблем со вирус во 2010-та, вели Eurostat
Низ Европската унија во 2010 година, 31% од испитаниците пријавиле дека закачиле вирус или друга компјутерска инфекција која резултирала со губење на информација или време во текот на периодот од една година, вели Eurostat, официјална агенција за истражување на Европската Унија, која објави селекција на статистики по повод Денот за побезбеден интернет.