Oбјавена е Дигиталната агенда за наредните 5 години

во ИТ.ЕУ

Европската Унија ја објави дигиталната агенда која треба да донесе пристап до широко појасен интернет за сите европски граѓани, да ја подобри онлајн економијата и да инвестира во нови ИТ иновации.

„Дигиталната технологија го допира секој дел од нашиот живот. Ни дава нови начини да се поврземе и ги трансформира нашите болници, школи и транспорт системите. Се повеќе европски корисници работат и купуваат онлајн, а со новата амбициозна дигитална агенда ние можеме да креираме нови работи и единствен онлајн пазар. Тоа е и целта на оваа агенда, да ја зближи Европа и да инвестира во квалитет на животот.“ вели Нели Крус, евро-комесарката за ИКТ и под-претседател на Европската Комисија.

Клучните седум цели на агендата се:

  • Единствен онлајн пазар за корисниците да тргуваат преку границите без ограничувања. Проблемот што треба да се среди е да се доведат прифатливи законски мерки за секој фрагментиран пазар. За таа цел ќе се поедностават авторските права и менаџирање на лиценци, како и ќе се воведуваат поедноставно електронско плаќање.
  • Подобрени ИКТ стандарди и соработка
  • Подобрување на безбедноста и довербата
  • Пристап до брз интернет. Идејата е до 2013 година сите европски граѓани да имаат пристап до широко појасен интернет. До 2020 година сите да имаат пристап до 30 Mbps брз интернет.
  • Инвестирање во истражување и иновации во ИКТ
  • Едукација на граѓаните за дигитални сервиси. Иако половина Европа се онлајн секој ден, 30% од граѓаните воопшто не го користат интернетот.
  • Инвестирање во ИТ технологија за подобрување на општеството. Потребни се решенија за намалување на користењето енергија, за подршка на постарите граѓани, за подобрување на здравството и подобрување на пристапот на интернет за луѓето со посебни потреби.

Повеќе информации има на официјалниот сајт за европскaта Дигитална агенда.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments