ИТ Европа vs. ИТ Македонија

во Статии

Бројките од извештајот за пенетрацијата на интернетот во ЕУ покажуваат дека од 2003 до 2007 година користењето на широкопојасен (broadband*) интернет во ЕУ се зголемило трипати до 36% од домаќинствата. Истражувањето покажало и дека 7% немаат интернет, од кои 30% во руралните средини. Дури и во високо развиените земји како Италија и Германија 18% односно 12% од руралните средини немаат пристап на интернет. Исто така извештајот покажал дека постои нееднаквост меѓу земјите. На пример: Данска и Луксембург се 100% покриени, додека во Романија само 60% имаат широко појасен интернет.

Во контекст на овој проект Европската Комисија има отворено јавна дискусија за регулаторните принципи за ЕУ земјите за „Широко појасен интернет и мрежа за следната генерација“ која е отворена до 14 ноември 2008. Потоа Комисијата ќе ги финализира препораките и формално ќе ги примени во 2009.

Овој проект се вклопува во i2010 стратегијата која има за цел да организира единствен Европски информатички простор, односно единствен маркет за дигиталната економија, да се подобрат иновациите и инвестициите во ИКТ (информатичко комуникациска технологија) и да се обезбедат единствена европска друштвена мрежа и соодветни „дигитални“ јавни услуги.

– Информатичкото општество е важно за да се остварат Лисабонските цели на создавање нa конкурентно, издржливо и социјално поврзана Европа каде секој, без врска на здравјето, богатсвото или локацијата ќе може да си го исполни својот потенцијал – изјави госп. Вивиен.

За развој на вакви проекти Европската унија планира да инвестира околу 9 милијарди евра за истражување и развој на информатичко комуникациски технологии како дел од „Програма од 7 рамки за истражување и технолошки развој“ што е главниот инструмент за финансирање на ИКТ развојот на ЕУ за период од 2007 до 2013 година.

– Корисниците го гледаат интернетот и границите што постојат онлајн и чуствуваат дека не е фер зделка. Интернетот дава повеќе моќ на индивидуата отколку било која технологија во историјата. Не смееме да им ја одземеме таа моќ. Ова оди преку тесниот комерцијален интерес. На граѓаните на Европа им беше ветена унија, место без граници: но на интернетот тие се уште ја немаат. Има напредок, понекогаш импресивен, но ова не е доволно – дел од говорот на Европскиот комесар за конкуренција, Нили Крос на Тркалезната маса во Брисел на 17.09.2008 година кога зборуваше за онлајн економијата.

МАКЕДОНИЈА
– Како една од главните мерки кои произлегуваат од Националната стратегија за електронски комуникации со информатички технологии е изработката на Национална стратегија за широкопојасен интернет. Широкопојасниот интернет и поврзаноста на македонските домови и компании се еден од основните предуслови и овозможувачи за развојот на информатичкото општество и вклучување на сите структури од општеството – се вели во соопштението „Стратегија за развој на широкопојасен интернет во Македонија“ изработено од Министерството за транспорт и врски.

Според последните бројки од Државниот завод за статистика, широкопојасен (broadband) интернет имаат 78% од домаќинствата со интернет пристап, што е зголемување за 34%. Најзастапената широкопојасна мрежа е АДСЛ технологијата кај 39% од домаќинствата со интернет пристап.

Но иако 45% имаат компјутер, само 29% имаат пристап до интернет, а дури 66% немаат никаков пристап до интернет.

 

За проектите за развој на Информатичко комуникациската технологија, зборуваше министерот за информатика Иво Ивановски во интервју за IТ.com.mk на 18.04.2008.

2. Веќе година и пол откако сте на оваа позиција, кои се позначајните проекти кои се во тек или пак се веќе финализирани со кои би се пофалиле?

Најголемиот проект во изминативе 15 месеци откако сум на функција, како и во историјата на
Македонија, за развојот на информатичкото општество, е проектот Компјутер за секое дете. Набавката и инсталирањето на 100,000 работни компјутерски станици во средните и основните училишта, е проект со кој што Македонија веќе станува препознатлива во целиот свет за воведувањето на ИКТ за модернизација на образованието. Проектот ќе биде целосно комплетиран до крајот на август оваа година.

Исто така како успешен проект е и доделувањето на ваучерите за секој апсолвент, каде што се искористија околу 13,000 ваучери во вредност од 200 ЕУР за набавка на преносни или статични компјутери… (На 15.10.2008 (среда) проектот ваучер за апсолвентите повторно се стартуваше. Сите редовни студенти кои најдоцна до 15 ноември ќе запишат четврта година на универзитетите во земјава од Владата ќе добијат вредносни ваучери од 15.500 денари наменети за купување компјутер. Се очекува околу 13.000 студенти да добијат ваучери**)

4. Што всушност претставува проектот е-Македонија?

Проектот е-Македонија претставува иницијатива за поттикнување на македонското население да се образуваат и да ги користат информационите и комуникациските технологии, со цел да се запознаат со благодетите што ги нудат ИКТ ресурсите во поедноставување и подобрувањето на
животниот стандард. ИКТ не треба да претставува луксуз, него неопходност.“

Дополнително во интервју за магазинот Теа Модерна, министерот Ивановски ги наведе проектите кои се планираат во Македонија.

„.. имаме голема лепеза на проекти кои што ни се опишани во програмата на Владата на РМ за 2008-2012, како и стратешкиот документ кој што излегува од министерството. Можам да ви набројам само неколку и тоа, плаќањето на таксените марки преку мобилен телефон кој што законски ќе почне да се применува од први ноември 2008, бизнис процес менаџмент за потребите на владините институции, поставување на инфраструктура во студентските домови за Интернет врска, бесплатните ИТ курсеви за граѓаните на цела територија на РМ, електронските јавни набавки,
поставување на Владина комуникациска мрежа, интегрирано гранично управување, електронскои архивирање и раководење со документи и уште број помали проекти поврзани со услуги кои што ги пружат државните институции кон граѓаните“

Дополнителни информации, освен кратко инфо за одредени проекти немаше на сајтот на Министерството за информатичко општество.

Споредбата со ЕУ ја има и во текстот „Националната стратегија за развој на Електронски комуникации и Информатички технологии“

„Освен позитивните чинители кои го придвижија зголемувањето на бројот на корисници на широкопојасен интернет, постојат и причини зошто овој раст е несразмерно низок во однос на ЕУ стандардите:

  • Скап и тешко достапен рбетен пристап.
  • Недоволно изградена и достапна независна оптичка мрежа низ државата.
  • Недоволно развиени и недоволно регулирани пазари за големопродажба на
    широкопојасен интернет преку постојната бакарна инфраструктура е главна причина за
    непостоењето на конкуренција на ADSL пазарот како и triple play услугите.
  • Сите градежни зафати (канали, поставување на антени, пристап до корисници)
    за комуникациски услуги се поставени во прва класа на градби, според Законот за
    градење, што непотребно ја комплицира изведбата на инфраструктурата (особено
    пристапот до крајните корисници), што ја забавува и поскапува пенетрацијата на
    широкопојасниот интернет.
  • Дистрибутивните магистрали на кабелските мрежи се претежно бакарни, што ја
    отежнува нивната дигитализација и нудењето на напредни triple-play услуги.“

* Широкопојасен (broadband) интернет е секој интернет, брза интернет врска, која е поголема од 256 kbit/s (0.256 Mbit/s). Исто така broadband е независна од телефонската врска и е нон-стоп вклучена, т.е. нон-стоп интернет.

** информацијата не е дел од интервјуто со г-дин. Иванововски

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments