Google, Yahoo и Microsoft не ги почитуваат европските правила

во ИТ.ЕУ

Во писмото од работната група испратено до Google, Microsoft и Yahoo се бара зберените кориснички податоци да бидат анонимизирани после кратко време. Google ги чува податоците 9 месеци, Microsoft ги чува 6 месеци, додека Yahoo само 90 дена. Но компаниите ги чуваат „колачињата“ и бришат само дел од податоците.

„Покрај лимитирање на периодот за чување на личните информации, потребни мерки се намалување на можноста да се идентификуваат корисниците во логовите од пребарувањето и потребно е креирање на надворешно тело да им загарантира на корисниците дека тие се водат според ветувањата за приватност.“ вели ЕУ работнотa група.

Најголемите критики се насочени кон Google. Неодамна беше откриено дека Google Street View колата собирала кориснички податоци од незаштитените Wi-Fi приватни мрежи. Моментално се води голем спор за тоа во Германија, спор во кој Google го испушти рокот да достави кои информации се соберени.

„Земајќи го в обзир Google-овата доминантна позиција во скоро секоја ЕУ земја-членка, со пазарен удел од 95 отсто во некои национални пазари за интернет пребарување, компанијата има голема улога во секојдневието на европските граѓани. Очигледното немање фокус на компанијата за држење на податоците е загрижувачко.“ вели ЕУ групата.

Покрај на трите гиганти, EУ групата испрати и писмо до американската Федерална комисија да испита како се чуваат податоците и дали се според американскиот закон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments