Корисниците и приватноста на прво место во новата ЕУ дигитална агенда

во ИТ.ЕУ

Покрај развивање на дигиталната инфраструктура и образованието, големо внимание треба да се посвети и на приватноста, но пред се корисниците да ја имаат контролата врз својата приватност.

„Граѓаните треба да се свесни за приватноста во онлајн контекст, и треба да го имаат правото да побараат тргање на лични информации дури и кога се согласите тие информации да бидат соберени.“

Ова е доста важна поента. Доколку се согласите за користење на некој сервис или друштвена мрежа, вие се согласувате сервисот да користи ваши информации, но тука застанува се. Вие го немате правото тие информации да ги тргнете сами од себе, туку морате да следите процедура со допишување со службите за да се избришат тие информации. Пример, пробајте да го деактивирате вашиот Facebook профил. Иако никој не ги гледа, информациите остануваат на мрежата. Пример, за да го активирате Facebook профилот потребно е само да се логирате и се е тука! ОВа важи и за многу други сервиси.

Покрај приватноста, целта на дигиталната агенда е да се реформира авторското право да има пан-европски лиценци за цела европа, и да се промовира онлајн трговијата со тоа што ќе се усогласат правилата меѓу евро-членките. Друга важен момент во резолуцијата е борбата против сајбер криминалот, за кој Европа планира да воведе заедничка легислатива низ сите евро-членки.

Се чини потребата за интеренетот ја обединува Европа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments