Мicrosoft го копира Apple за идеи за Windows 8?
На италијанскиот Windowsette блог се појави наводно внатрешна доверлива презентација за Windows 8 каде се дискутираат идеи за идната верзија на оперативниот систем.
На италијанскиот Windowsette блог се појави наводно внатрешна доверлива презентација за Windows 8 каде се дискутираат идеи за идната верзија на оперативниот систем.
Разгледувавме и приметивме дека има многу начини како можете да го држите вашиот Nokia телефон, вели Nokia во блог пост исмејувајќи го Apple и проблемот со новиот iPhone 4.
Стив Џобс го претстави најновиот iPhone 4 на WWDC конференцијата. Иако за телефонот се знае веќе некој месец, „кажете ми ако веќе сте го виделе“ г-дин. Џобс се пошегува на почетокот на презентацијата, сепак официјалното претставување значи дека ова е конечниот дизајн на најновиот Apple-ов уред. Покрај самиот уред најавени се нови апликации кои ќе ги има во телефонот, пример FaceTime апликацијата за видео чет во живо.
На WWDC Аpple покрај iPhone 4 го претстави и новиот Safari 5 прелистувач за Windows и Mac. Новините во новиот Safari се брзината и подобра компатибилност, а корисникот ќе може да одбере дали ќе пребарува со Google, Yahoo или Bing. Според Apple со Nitro JavaScript енџинот Safari 5 na Маc работи 30% побрзо од Safari 4.
Новите веб стандарди се отворени, доверливи, безбедни и ефикасни, вели Apple објавувајќи неколку демонстрации за техничките можности на HTML5, како типографија, разгледување галерија, транзиции, аудио, видео... пример < video > елемент кој може да се манипулира со JavaScript, односно да си додадете свои видео копчиња за контрола кои ќе одговараат на вашиот сајт.
Нa D8 конференцијата AllThingsDigital направи интервју со шефот на Apple, Стив Џобс. Разговорот се водеше за се и сешто, за односот со Adobe и Flash, за станување втораа најбогата компанија проаѓајќи го Microsoft, за iPad-oт при што г-дин. Џобс откри дека првичната замисла била да се направи таблет уред, но функционалноста овозможила да се роди iPhone-от, се зборуваше и за Gizmodo и украдениот 4G iPhone...
Gizmodo отвори интересна тема - кој е поголем визионер, Бил Гејтс или Стив Џобс? Кога на All Thigs Digital во 2007 година го прашаа Бил Гејтс што е иднината на компјутерите за 5 години, Бил Гејтс не двоумејќи се одговори дека тоа се таблет компјутерите.
Adobe стартуваше кампања „за избор“ објавувајќи реклами „Го сакаме Apple“ со дополнителен текст „Но не сакаме кога некој ја зама вашата слобода да одберете што креирате, како го креирате и како го доживувате тоа на мрежата“.
Како и своите конкуренти Apple ќе овозможи синхронизација на Fаcebook контактите во iPhone, пренесува Business Insider, додавајќи дека тоа ќе биде откриено на 7 јуни на Apple конференцијата за девелопери каде ќе се престави и новиот iPhone.
Главниот аргумент зошто Adobe се повлекува од Apple е што Apple поставува правни услови на девелоперите, вели Кевил Линч, главниот за технологија на Adobe, во краток блог пост, во кој одговори на вчерашното отворено писмо на Стив Џобс.
200.000 апликации на Apple App Store докажуваат дека Flash не е неопходен за десетина илјади девелопери да креираат графички богати апликации, вклучувајќи ги и игрите, вели Стив Џобс во отворено писмо во кое објаснува зошто Flash го нема на Apple-овите мобилни уреди.
ИТ компаниите IBM, Apple и Microsoft на чело со Google остануваат на првите места на листата „100-тe највредни брендови“ на Milward Brown, одел за маркетинг истражувања на WPP.
Како би реагирал вашиот дедо или баба на најновиот мобилен или на таблет PC како Аpple-овиот iPad? Колку време ќе им треба да сфатат како да го користат и зошто служи уредот? Како ќе ја разберат денешницава споредувајќи ги со тогаш-актуелните изуми?
ИТ блогот Gizmodo го рецензираше iPhone 4G неколку месеци пред официјалната најава за уредот. Gizmodo платил 5.000 долари да го добие примерокот за кој се вели дека Apple-ов инжинер го изгубил во бар, и сега Аpple си го бара назад заканувајќи се со тужба.
Apple конечно сфати дека ако другите можат да имаат мулти-таскинг опција, тогаш може и нивниот iPhone. „Moжеби не сме први, но ќе бидеме најдобри.“ рече Стив Џобс, директорот на Apple при преставувањето на новиот iPhone 4.0 oперативен систем.
Slate е новиот таблет PC од HP кој моментално е директен конкурент на Apple-овиот iPad.
Apple објави дека во првиот ден од продажбата на нивниот таблет се продадени над 300.000 iPad-и во Америка. iPad чини од 500 до 800 долари, зависно од спецификациите, додека за европскиот пазар се уште не е објавена цената. Apple додаде дека новите iPad корисници симнале и над 1 милион апликации за уредот, и над 250.000 е-книги купени од новиот iBookStore, продавница за електронски книги.
Холандската фирма Distimo ја објави својата презентација од Светскиот конгрес за мобилна технологија во која ја разгледува состојбата на продавниците за мобилни апликации. Нивната анализа го потврди фактот дека Apple е крал на мобилните апликации со над 150.000 апликации за разлика од Android кој има само 20.000 апликации. Интересен податок е што од 150-те илјади iPhone апликации дури 58% од нив се видео игри, а 18% се за забава.
Во Барселона се собраа над 1.300 компании и околу 50.000 посетители од целиот свет чиј интерес е напредокот и развојот на мобилната технологија. Од самиот старт на Светскиот конгрес за мобилна технологија се најавија интересни партнерства пред се на Intel со Nokia, Vodafone го најави најефтиниот мобилен кој чини само 15 долари, а се формираше алијанса од 24 оператори со цел да му конкурираат на Apple App Store. Интересно, Apple нема да присуствува на овогодинешниот настан.
Стив Џобс конечно го претстави таблет компјутеротiPad. Со таблетот ќе можете да читате новини, да гледате филмови, слушате музика, прегледувате слики, да споделувате на друштвени мрежи... целиот интернет на дланка т.е на 7 инчен екран со допир со харддиск од 16,32 и 64 гигабајти. iPad е 1.5cm тенок и тежи помалку од килограм. Батеријата му држи скоро 10 часа. А колку чини? Цената се движи од 500 до 800 долари зависи од просторот и можноста за WiFi и 3G.