Можеби Adobe треба да се фокусира повеќе на креирање одлични HTML5 уреди за иднината, и помалку да го критикува Apple зошто го остава минатото зад себе, вели директорот на Apple.
Еве дел од клучните точки наведени во писмото во кое Стив Џобс го брани ставот зошто е Flash непотребен за Apple-овите продукти:
- Прво, тука е „отвореното“ – Adobe продуктите се 100% во сопственост. Тие се достапни само од Adobe. Без врска дали се тие широко достапни, тоа не значи дека се отворени, бидејќи се контролирани директно од Adobe. Flash е затворен систем, вели Стив Џобс додавајќи дека и Apple има заштитени продукти, но вели дека наместо да користи flash Аpple ги прифати HTML5, CSS и JavaScript сите отворени стандарди.
- Второ, тука е „целосната мрежа“ – Adobe повторува дека Apple мобилните уреди не можат да пристапат до „целата мрежа“ бидејќи 75% од веб видеото е во Flash. Тоа што Adobe не го кажува е дека сето веб видео е достапно преку модерен формат, H.264 и е достапно на iPhone, iPod и iPad-и. YouTube со севкупно 40% од веб видеото, има апликација вметната во сите Apple-ови мобилни уреди.“
- Трето тука е безбедноста, постојаноста и перформансите -Според Symantec во 2009 година Flash ги има најлошите резултати за безбедност. Знаеме дека Flash е број еден причината зошто Mac компјутерите се срушуваат.“
- Четврто, тука е батеријата – За да се достигне подолготрајна батерија кога се гледаат видеа, мобилните уреди мора да го декодираат видеото во хардвер; декодирањето во софтвер користи повеќе енергија. Кога вебсајтовите ќе ги ре-енкодираат видеата користејќи H.264 тие ќе ги понудат без користење Flash.
- Петто, тука е допирот- Flash е дизајниран за PC кое користи глувче, не за екрани на допир кои користа прсти.
- Шесто и најважно – Adobe сака девелоперите да го присвојат flash при креирање апликации кои ќе работат на нашите мобилни уреди. Ако девелоперите станат зависни од развојни библиотеки и алатки од надворешни трети странки, тие ќе ги искористат надградувањата на платформата само ако и кога третата странка ги присвои овие нови подобрувања. Не можеме да бидеме во милост на трети странки кои одлучуваат дали тие ќе ги достават нашите подобрувања до девелоперите.
- Заклучот – Flash е креиран за време на PC ерата. Но мобилната ера е за мобилни уреди кои не трошат многу енергија, со интерфејс на допир и отворени веб стандарди – сите области каде Flash не успева.
Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.