1 коментар 1 мин. читање

Nokia го исмева Apple за како се држи мобилниот телефон

Имено, се откри дека iPhone 4 го губи сигналот ако го држите со лева рака, односно ако со прстите ја покриете антената во левата рака. имаше дури и момент каде се велеше дека iPhone 4 не е за левораки, а интересно Стив Џобс во имејл на поплака од корисник кој бараше совет за проблемот со телефонот само кратко му одговори „Не го држи телефонот така.

Затоа Nokia го искористи моментот да го исмее конкурентот велејќи „Дали сте лево-раки или десно-раки, имате начини како да го држите важиот телефон.“ демонстрирајќи неколку пози на држење како „шоља“, „баланс“ или пак „зафат од четири краја.“

„Тоа што откривме од над милијарда Nokia уреди кои се користат денес е што кога се разговара на телефон, луѓето обично сакаат да го држат својот телефон како… па како телефон. Но можете и да ги игнорирате сите држања и да го држите телефонот како што сакате.“ вели Nokia.

Ауч.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top