1 коментар 1 мин. читање 6 април, 2010

HP ги откри спецификациите и цените на својот таблет PC

Интересно рекламата на Slate се фокусира на камерата на уредот, камера која iPad-от ја нема. Второ предност е што Stale подржува Flash, за разлика од iPad кој беше критикуван поради недостатокот на таа функција која ја има на огромен дел од популарните сајтови. И тоа што е поважно е што Slate ќе чини 550 долари, скоро како најефтиниот iPad, открива Engadget кои ги преставија спецификациите на уредот на HP.

Slate работи на Windows 7 и има 8.9-инчен екран на мулти-допир со 1024X600 резолуција, работи на 1.6 GHz Atom Z530 процесор со UMA графичка и 1 GB RAM меморија која не може да се надогради. Зависно од просторот, Slate ќе чини 550 долари за 32 GB, или 600 долари за 64 GB. Батеријата може да трае 5 часа.

Според гласините HP Slate би требало да се појави во јуни.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
danijanev
16 years ago

е вакво нешто вреди да се размисли за купување

Мени
Заедница
Изглед
To top