#StartupSelfie со Мариус Старке oд Pioneers Discover

во Интервјуа, Статии

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Пред неколку дена бев во Загреб, Хрватска, со група пријатели и стартап ентузијасти од Скопје. Бевме навистина возбудени дека ќе одиме на Balkan Venture Forum и дека ќе дознаеме кој е победникот на големото финале на Pioneers of the Balkans. Пред да ви кажам за „следното големо нешто“ што доаѓа во регионот, односно победниците, можеби е подобро да дознаеме повеќе за програмата. До некаде објасниме со разговорот со Јурген, но сега ја имав можноста да седнам и да разговарам со друг член на фамилијата на Pioneers.

Во нивната прва посета во Скопје, овој август, го запознав Мариус Старке, директорот за менаџмент на Pioneers Discover. Во неговата втора посета, сакав да дознаам повеќе за концептот зад Pioneers of the Balkans и што значи таа програма за регионот.

„Ова е пилот програма поддржана од World Bank Group Investment Readiness Program, финансирана од Европската комусија под Western Balkans Enterprise and Development Fаcility, и е креирана поради потребата да им се помогне на претприемачите да си ги развијат своите стартапи. Целата #PioneersOfTheBalkans програма започнува со повик за апликации и турнеја во 14 градови и 8 земји во Јужна и Централна Европа. До крајниот рок, 584 тима од регионот аплицираа и во следната фаза прифативне тимови кои поминаа екстензивна тренинг програма во соработка со Startup Live, Универзитетот на Тексас од Аустин и други соработници. Паралелно со Belgrade Venture Forum од 12 и 14 ноември, сите полуфиналисти се претставија пред жири за да се изборат за место меѓу 50-те финалисти. Во Загреб, финалистите имаа можност да се запознаат со влијателните регионални експерти, медиуми и претставници на бизниси, и да се претстават пред регионални и интернационални инвеститори. До крајот на целата програма, главниот фокус беше дека три фондови за рани инвестиции ќе се посветат да инвестираат во најдобрите тимови кои ќе се појават во финалето“, вели Мариус.

Бидејќи бев активно инволвирана во целиот процес и работев со повеќето стартапи преку програмата, бев заинтересирана да го чујам неговото мислење за претрпиемачите и стартапите кои доаѓаат од регионов.

„На прв поглед веднаш е јасно дека има значителен напредок во македонската и косовската стартап заедница. Бев позитивно изненаден за нивото на интензитет и квалитет што доаѓа од тука. Но, исто така забележав едно нешто, што го имаат заедничко сите балкански стартапи, е проблемот со опстојувањето. Недостаток на можности да се претстават и искуство со пичеви може да биде погубно. И покрај тоа што англискиот јазик е на добро ниво тука, основачите не мора секогаш да бидат тие што пичуваат. Како совет би посочил дека треба да имате некој во тимот што знае добро англиски, што има самодоверба кога зборува јавно на сцена, и што знае да раскаже приказна за интернационална публика. Едно нешто што е важно за стартапите од регионот е вмрежување. Најдете некој здрав баланс и осигурајте се дека секој во тимот е дел од компаниското ДНК. На тој начин ќе се осигурате да го оставите делот со вмрежување на тие што имаат талент за тоа, и оставете ги сите настани, конференции итн. на тој човек.. но секогаш запомнете дека многу работи се можни ако се поврзувате со други луѓе и зборувате со други претприемачи… и потоа да го анализирате фидбекот!“, додава тој.

Се сретнавме со Мариус уште еднаш во Загреб, на големото финале и како што ветив, ова се победниците на првaта Pioneer of The Balkans програма:

Честитки до сите победници и до целиот тим на Pioneers. Се надевам дека ќе се сретнеме повторно во мај и ДА, стартапи аплицирајте за да бидете меѓу 500-те стартапи што ќе учествуваат на Pioneers Festival 2016.

potb1

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments