2 коментари 2 мин. читање 30 декември, 2015

Имотен лист сега ќе можете да вадите преку сајтот на Агенцијата за катастар

По повеќе години осовременување на Агенцијата за катастар на недвижности, конечно ќе им овозможи на корисниците основна и корисна функција – можност за преземање и вадење на имотен лист од дома. „Дистрибутивниот систем ќе биде достапен на интернет 24 часа за сите правни и физички лица во земјата и во странство. Во зависност од желбата и од потребата на корисникот, бараните податоци може да се добијат во дигитална или во хартиена форма. Дигиталните податоци се за 20 проценти поевтини од хартиените податоци“, вели Славче Трпески, директорот на агенцијата.

За вадење на дигитален имотен лист потребно е пребарување по број на катастарска парцела, имотен лист или пребарување по мапа. Вториот чекор е додавање во кошничка и плаќање преку интернет, последниот чекор е преземање на електронски потпишан имотен лист. Можноста за увид во имотниот лист за прв пат беше воведена во 2009 година, но останува нејасно зошто беа потребни шест години за можност за преземање на документите. Цената на издавање на имотниот лист во електронска форма е 150 денари, а за преземање во хартиена форма ќе чини 183 денари и 70 денари поштарина.

Пред околу една недела катастарот беше во централните вести на телевизиите, откако 19 вработени во катастарот беа осомничени за злопотреба на службена должност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Yasin Mustafa
Yasin Mustafa
3 months ago

Mufit mustafa

Emran
2 years ago

Sakam da ce izvestam na Setubal.20. imame new. Website and gugel. Na moj procez. EMB. I ve ocekuva.Diregtoro.Gospotino Kani.Mustafoski. od Prilep. Kako za jas Moje Emran.rasimoski

Мени
Заедница
Изглед
To top