0 коментари 2 мин. читање 29 декември, 2015

GoPro работи на платформа за беспилотни летала со камера

Oткако ги освои авантуристите со своите уникатни и мали камери, GoPro се подготвува да се вклучи и на уште еден пазар – на пазарот на дронови. Компанијата на оваа технологија работи веќе неколку месеци, па основите на платформата се веќе подготвени, вели TechCrunch. GoPro од неодамна е сопственик на стартапот Kolor кој работи на технологијата што овозможува снимање на 360 видео. Од компанијата се надеваат дека ќе успеат да создадат производ кој со стабилизација на слика и квалитет ќе ја победи конкуренцијата.

Предноста на GoPro е што доаѓа со најверојатно најпопуларната минијатурна камера на пазарот, и со сопствени канали за споделување на уникатните видеа. Сепак како и останатите компании, и GoPro ќе мора првин да се соочи со ограничувањата и забраните за лет на беспилотните летала, иако автоматизацијата на летовите и креирање на оперативен систем за дронови значително ќе им се олесни работата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top