#StartupSelfie со Јурген Фуриан, ко-основач на Pioneers

во Интервјуа, Статии

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Silicon Drinkabout Skopje е неформален неделен собир на луѓе кои работат со ИТ стартапи или работат креативни дигитални работи во Македонија. Се случува секој петок и на еден од овие собири, ни се приклучи тимот на Pioneers of the Balkans за да ја запознаат МКstartups заедницата. Морам да признаам дека првпат кога ги запознав не знаев кој е и што работи, но по првичниот разговор со возбуда ви го најавувам Јурген Фуриан, ко-основачот на Pioneers.

„Се започна по моите студии во 2009-та година. Израснав во мал град во јужниот дел од Австрија, каде заедно со мојот пријател Андреас сакавме да стартуваме проект, каде ќе има место за средби и кaде секој ќе може да ги сподели идеи, да запознае новинари, ментори итн… Бидејќи видовме дека за тоа има голем интерес, по некое време овој проект стана настан. Првиот пат кога го организиравме како настан, ги добивме канцелариите на Microsoft за преку викенд и повикавме новинари да дојдат и да им објасниме подобро дека стартапите се нашата иднина. Иако во првите две години не направивме пари, го видовме потенцијалот и продолживме да работиме“, вели Јурген.

Ова е прв пат за Pioneers да организираат програма за балканските стартапи. Бидејќи се запознавме неколку дена пред големото финале на Pioneers Of The Balkans, ме интересираше неговото искуство со стартапите.

„Денес, каде и да сте сместени имате шанса. Земете ги за пример Bellabeat кои доаѓаат од Хрватска или летечкиот автомобил од Братислава, и има уште што може да се додадат. Изговорот кој го слушаме во регионот дека е тешко да се стартува бизнис и да се успее интернационално, не држи вода веќе. Можеби е потешко на почеток, но сега, ние сме поповрзани повеќе од било кога. Исто така, не секој може да биде или да биде претприемач. Запомнете дека во вашето патешествие, ќе има многу возења со тобоган и нема да биде лесно. Но, ако сте посветени на нешто, и сакате да го направите поради добри причини и цели, кога чувствувате пеперутки во вашиот стомак, тогаш треба да го направите! Исто така, би ви препорачал да бидете љубопитни, да гледате надвор од кутијата и преку хоризонтот“.

Тимот на Pioneers не застанува тука и дефинитивно гледа преку хоризонтот. Затоа и сакав да дознам од прва рака за нивните идни планови и за моментот што ги направил да бидат горди во својата работа.

„Дефинитивно работиме да се прошириме кон САД, Азија, Средниот Исток и во MENA регионот. Навистина сакаме да го прошириме брендот и импактот што може да го имаме кај што е можно повеќе стартапи. Визијата е да имаме ИТ иноватори кои се поврзани во мрежа што може да ни помогне да се прошириме. Во следниот период би сакал да дојдеме до таа фаза каде ќе може да им помогнеме на претприемачите да си го изградат својот сон, да се поврзат меѓу себе и да креираат поголеми мрежи за оваа заедница. Имаше многу моменти кои ме направија горд во нашата работа, еден од најдобрите е кога ги променивме датумите на Pioneers Festival од октомври во мај и успеавме да го организираме во ограничен временски рок, благодарение на целиот тим. Така, да, најмногу сум горд на луѓето со кои работам секој ден“, вели Јурген.

Беше навистина големо задоволство да се дискутира со Јурген. Би сакала да им посакам успех на сите стартапи кои учествуваа на Pioneers of the Balkans и на тимот на Pioneers за нивниот нов пристап за следниот Pioneers Festival 2016 на кој можете да аплицирате за место меѓу 500-те стартапи, и да добиете уникатна шанса. Се гледаме во мај кога се надевам дека ќе се сретнам пак со Јурген за ново #StartupSelfie.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Првото нешто што ми падна на памет за Виена беше Pioneers… неколку месеци претходно во Скопје имам чест да го запознаат Јурген Фуриан, ко-основачот, и да ја споделам неговата приказна преку #StartupSelfie 11. […]

trackback

[…] да дознаеме повеќе за програмата. До некаде објасниме со разговорот со Јурген, но сега ја имав можноста да седнам и да разговарам со […]