Simpsons ќе ја прослават својата 600-та епизода во виртуелната реалност

во Вести, Хардвер

Интересно изненадување за сите љубители на анимираната серија The Simpsons. Јубилејната 600-та епизода ќе дојде во виртуелната реалност. Креаторите на серијата за ова соработуваат со Google, па епизодата е продуцирана во Google Spotlight Stories. Епизодата е „Planet of the Couches“ и е достапна веднаш по премиерата на серијата.

image-1052

„На некој начин отсекогаш се подготвувавме за ова. Симпсонови имаат многу шеги скриени во кадарот. Виртуелната реалност е единствено начин нив да ги сместиме во сфера наместо на рамен екран.“, вели режисерот на серијата Дејвид Силверман.

Креаторите на серијата имаа проблем како на екран кој зафаќа 360° да сместат содржина која гледачите нема да ја пропуштат. Креаторите смислија дека е најдобро да покажат покажувач кој ќе го насочи вниманието на корисниците, и решија да искористат птица. Движењето на птицата треба да го насочи погледот на корисникот, но се чини дека никој не ја забележа птицата.

 „Мислев дека е генијално решение, реков да ставиме птица која ќе лета на местото каде сакаме да го насочиме гледачот… Денес распрашав дел од корисниците. Како ви се допадна птицата? Никој не ја забележал!“, вели Џејмс Брукс продуцент на серијата.

Simpsons е најдолгата серија на телевизија и се во својата 28-ма сезона, а веќе имаат договор за 30-та сезона. Креаторите на серијата постојано вметнуваат актуелни настани, а не ретко и технологија, на пример Google Glass.

simpsons-600

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk