1 коментар 1 мин. читање

Cozmo е најсимпатичниот робот досега

Новиот робот на Anki, Cozmo е нешто што наликува дека излегло од анимиран филм за роботи. Роботот наликува како да припаѓа во Wall-E и е најверојатно најсимпатичниот робот кој сте го виделе досега.

Дури и реклмата за роботот е направена да ги потсети гледачите на цртаните филмови. Најверојатно од компанијата се надеваат дека благодарение на сентименталноста ќе привлечат повеќе корисници. Сепак со исклучок на BB-8, ниту еден робот не изгледал подобро, а Cozmo е направен да ги разигра корисниците.

Cosmo има поддршка од вештачката интелигенција. Она што роботот ќе може да го прави е емотивна реакција на дадена ситуација. Така Cozmo може да реагира исто како и луѓето, нешто можеби ќе го насмее, нешто ќе го налути. Дополнително роботот може и да игра со корисниците.

Доаѓа со три коцки кои му помогаат со лоцирањето. Дополнително и овие паметни коцки се дел од играчката. Компанијата зад Cozmo е основана од експерти за роботика од универзитетот Carnegie Mellon во САД. Креаторите велат дека ќе има можност за програмирање на роботот, за додавање на нови функции и нивно впишување во Cozmo.

Cozmo ќе биде достапен за новогодишните празници, а ќе чини околу 180 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top