Google го претстави Gemini 2.0

Google официјално го претстави Gemini 2.0, најновиот модел на вештачка интелигенција дизајниран да ги редефинира нејзините можности. Креаторот на најпопуларниот прелистувач и пребарувач, можеби има проблеми со законодавците, но нема намера да попушти во трката со конкурентите како OpenAI.

Новиот модел е голем исчекор за Google, но и значителен чекор напред во мултимодалната вештачка интелигенција. Технологијата  ќе овозможи креирање на агенти способни да обработуваат различни форми на податоци, да разберат сложени сценарија, па дури и да им помагаат на корисниците во различни апликации.

Gemini 2.0 засега е во експериментална фаза, но станува збор за прилично голема надградба. Со интеграција на визуелни, аудио и текстуални влезни податоци вештачката интелигенција може да обезбеди навремена релевантна помош. Како функционира ова? Надградбата овозможува Gemini да го перципира светот слично како и луѓето. Ова  ќе ја направи комуникацијата полесна и интуитивна. На пример, корисниците ќе можат да ја насочат камерата на својот паметен телефон кон објект или сцена и веднаш да добијат детални информации.

Во една демонстрација, корисникот фотографира скулптура во Lewis Cubitt Park, Лондон, а Gemini 2.0 обезбедува детални информации за уметникот и тематскиот контекст на делото. Во овој случај Gemini ги анализира податоците од аудио прашањето, и она што го „гледа“ со камерата за да даде соодветен одговор.

Проект Astra: Поглед кон универзален AI асистент

Врз основа на можностите на Gemini 2.0, Google го претстави Project Astra, своевидно демо на иднината на дигиталните асистенти. Project Astra е опишан како „универзален AI асистент“, дизајниран е за  беспрекорно да се вклопи во секојдневниот живот. Може да обработува информации во реално време, да памети претходни интеракции и да нуди поддршка на повеќе јазици. Astra не само што може да дава соодветни одговори на прашањата туку и помни претходи интеракции. Па ако некаде сте ги „снимиле“ вашите очила, Astra ќе може да даде одговор на прашањето „Каде ги ставив очилата?“.

Project Mariner: Автономна навигација на интернет и решавање комплексни проблеми

Project Mariner е AI агент способен за неасистирана навигација на веб. Најголемата моќ на Mariner се одликува во способност за извршување сложени задачи како истражување теми, пронаоѓање специфични производи, па дури и купување.

На пример, Mariner истворемено може да истражува биографија на уметник, да ги лоцира неговите дела, па дури и да идентификува и купи соодветни материјали за некој проект поврзан со уметникот. Со користење на сфаќање и планирање за време на обработката на податоците, Mariner гарантира точност и прецизност. Ова во иднина би можело во целост да го промени начинот на кој го користиме интернет.

Вештачка интелигенција за гејминг и роботика

Примената на Gemini 2.0 оди и подалеку од она што досега го видовме. Компанијата истражува нови области, како видеоигри и роботика. Во видеоигрите вештачката интелигенција може да анализира 3D простори и да помогне со стратешки совети. На пример, може да препорача оптимален начин за напад врз непријателска база врз основа на распоредот на базата во некоја игра.

Примерот со видеоигрите е интересен, но веројатно е не премногу возбудлив. Од друга страна, во роботиката, Gemini 2.0 ќе овозможува креирање на агенти кои разбираат и комуницираат со физичкото опкружување. Ова ќе овозможи помош во задачи како организација на домот, препознавање објекти и навигација.

Интеграција низ екосистемот на Google

И секако на сите добри вести не може да поминеме без лошите. Идејата зад агентите е да го олеснат секојдневието, но и да не задржат на сервисите на Google. Компанијата ќе ги интегрира сите овие агенти базирани на Gemini 2.0 во своите производи. Секако дел од нив се и Search, Chrome и YouTube. На пример, во пребарувањето AI резултатите поддржани од Gemini 2.0 ќе обезбедуваат подетални резултати, подобрувајќи го искуството на пребарување. Ова би можело да помогне и во пребарувањето на YouTube.

Сепак, зависноста од куп сервиси на Google не е добра. Корисниците ќе имаат малку мотивација за истражување на конкурентните сервиси, а како корисниците започнуваат да користат повеќе услуги од една платформа, станува потешко да се промени платформата или да се замени со друга.

Иако Gemini 2.0 e во експериментална фаза, корисниците веќе може да го испробаат. Сѐ што треба да направите е на Gemini да го промените моделот од 1.5 на 2.0.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments