Без сомневање доколку се погледаат епизодите од влијателните The Simpsons, лесно може да се заклучи што е актуелно во општеството. Овој пат во епизодата „Specs and the City“ им дојде ред на очилата на Google со „задскриено“ име Oogle Googles. Сценаристите и креаторите на епизодата се чини дека опфатија најголем дел од проблемите и продобивките на очилата за проширена реалност и ги прикажаа на карактеристичен начин. На пример очилата им овозможуваат на жителите на Спрингфилд да дознаваат информации за луѓето колку нив, но и на Мр. Бурнс да ги шпионира запослените во централата. Се разбира Хомер е првиот кој ги прифваќа очилата, кои го испраќаат да јаде во Soup Kitchens или му ги кажуваат точните податоци на состојките во Красти бургер. Сепак очилата не поминуваат без критика, всушност целата епизода е прашање – каде е прикладно да се постави границата помеѓу информациите и приватноста?
[youtube]V7srYcHtgp0[/youtube]
[…] Simpsons е најдолгата серија на телевизија и се во својата 28-ма сезона, а веќе имаат договор за 30-та сезона. Креаторите на серијата постојано вметнуваат актуелни настани, а не ретко и технологија, пример Google Glass. […]