Британската компанија Sopro го прослави својот 7ми роденден во канцелариите во срцето на градот Скопје. Тие ги изненадија своите вработени со отворање на нов бар на покривот во нивните канцеларии, кој е наменет за релаксација и пријатна атмосфера во попладневните часови.
Тимот на Sopro моментално брои 273 вработени на пет различни локации – Брајтон, Скопје, Лондон, Мајами и Србија.
Бизнис моделот на Sopro се базира на реалната потреба на компаниите во светот за постојан раст и развој. Накратко, Sopro ги поврзува своите клиенти (бизниси) со други бизниси со цел да се оствари продажба и раст. Ова успешно го прават преку постојани иновации, создавање на нови технологии и платформи кои се користат интерно во компанијата со цел спроведување на таргетирани емаил кампањи кои им помагаат на клиентите во зголемување на продажбата.
Иако тие се познати во маркетинг секторот, компанијата е поддржана од сопствен брилијантен софтвер и 57 девелопери со што може да се каже дека Сопро се класифицира и како продуктна компанија. Со 652 активни клиенти, и повеќе од 1800 компании кои се партнери на Sopro, девелоперите имаат можност да работат на разнолики проекти.
Доказ за тоа дека Sopro е во постојан раст е и бројката од над 40 работни места кои се отворени во моментов и константната потрага по професионалци кои со своите квалитети само ќе го направат тимот на Sopro уште посилен. Дознајте повеќе за нивните отворени позиции тука.

Тајната на нивниот успех е инвестирањето во своите луѓе, кариерното унапредување и препознавањето на потенцијалот на вработените.
“Во срцето на Sopro се луѓето. Нивниот раст и развој е наш примарен фокус. Секој во Sopro има индивидуален план за кариерно развивање и надоградување врз база на лично поставени цели. Нашата филозифија е да се биде 1% подобар секој ден.” – Моника Јошевска, Group COO











