Покрај тоа што како организација нуди уникатно образовно искуство, Бреинстер е препознатлив и по тоа што негува култура на професионален однос кон вработените, тимска работа и можност за кариерен развој. Неговиот тим од професионалци постојано расте и се трансформира, за подготвено да одговори и на потребите на пазарот на трудот и на студентите за подобро образование.
Потребата за постојана промена и држење на темпото со иновациите и напредокот во современите ИТ и други дигитални индустрии, Бреинстер (Brainster) совршено ја разбира и доследно ја применува во своите образовни програми. Преку ваквиот начин на работа, Бреинстер се изгради не само како најпосакувана едукативна организација, туку и како компанија што нуди развој и напредок за своите вработени, професори и инструктори.
Прашавме поголем број на вработени и инструктори во Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот (Brainster Next College), кои се клучните карактеристики што ја прават компанијата уникатна по можностите за работа и без исклучок сите ги вклучија:
„Организациската клима и култура, тимската работа, поволностите за вработените и можностите за лична надградба и напредок“.
Од нивните одговори станува јасно дека не станува збор само за работно место, туку возбудливо патување со крајна цел – обликување на иднината на образованието.
Каква професионална средина негува Бреинстер откриваме преку разговор со повеќе вработени кои го споделуваат нивното искуство и предностите од работата во оваа напредна EdTech организација која во моментов е во потрага по нови вработени и соработници.
Кариерен напредок и на студентите и на вработените
Вработените во Бреинстер покрај за својот и за компанискиот развој, се грижат и за искуството на студентите што претставува дополнителен поттик за постигнување на резултати. Или како што вели Александар Клашниновски:
„Искрената грижа за успехот на студентите, желбата за подобрување, вредноста што ја добиваат студентите, огромниот процент на вработени студенти итн, се само дел од позитивните карактеристики што многу брзо се чувствуваат како ефект од работата во Бреинстер“.
Александар е дел од тимот на Бреинстер две и пол години и е на позицијата генерален менаџер на Бреинстер Некст колеџот, позиција што ја има добиено преку можноста за работа на својот кариерен развој во рамки на организацијата.
Но, без разлика на времето поминато во Бреинстер, напредувањата се неминовен дел од искуството на сите вработени. Како пионер во понудата на најсовремени образовни програми, Бреинстер не работи само на развојот на кадар за ИТ- индустриите, туку и на интерен, компаниски и индивидуален развој на вработените, давајќи им шанса на најдобрите студенти кариерата да ја продолжат таму каде што го стекнале своето знаење.
„Бреинстер не е само образовна институција од која ќе добиете сертификат за одредена академија или активност. Бреинстер е партнер во вашата идна кариера. Знаењето стекнато тука, заедно со трудот и посветеноста на тимовите, помага не само да изградиме нови и квалитетни кадри, туку да обезбедиме и унапредување на општествен план. Едноставно кажано, Бреинстер ја гледа големата слика”, вели Милена Станишковска, која е врската помеѓу студентите од Бреинстер и компаниите кои бараат добро обучени кадри.
Преку работа со реални клиенти до практична употреба на стекнатото знаење
Пристапот во образованието и поддршката што студентите ја добиваат, особено оние што одлучиле да направат промена во својата кариера, е многу сериозен. Во такви случаи е најважно да покажете дека навистина се грижите тие да успеат и да добијат уверување дека ја направиле вистинската одлука, што ја прави мојата работа во Бреинстер посебна, вели Олгица Стрезоска која веќе 4 и пол години е инструкторка на Академијата за проект и продукт менаџмент.
Прилагодувањето на условите на современиот пазар на труд, според Небојша Гелевски-Бане, еден од најистакнатите графички дизајнери во Македонија, како и квалитетната програма што претставува идеален сооднос на учење теорија, користење софтвер и практична употреба на стекнатото знаење, ја прави неговата работа динамична и секогаш интересна. Бане е инструктор на Академијата за графички дизајн во Бреинстер пет години и со своето искуство поттикнува на креативност и „размислување надвор од кутијата“.
Ваквиот начин на учење, се надоврзува Александар Нофитоски колега на Бане од истата академија, овозможува студентите постепено да навлезат во процесот на работа и со тек на време да станат искусни професионалци.
„Она по што се издвојува Бреинстер од другите организации е пред сè грижа и труд студентите да станат што е можно подобри при развојот на своите нови вештини, работа на реални проекти кои носат големи можности и чувство како е да се работи во реалниот свет со клиенти, организирање на хакатони каде што секој студент учи како да работи во тим и предизвикот да направат одлично решение за краток временски период“, појаснува Александар, како изгледа едукативното искуство за студентите.
На студентите гледаме како на наши идни колеги
Голем број од инструкторите во Бреинстер се признаени професионалци во областа од каде што доаѓаат, со работно искуство стекнато и во меѓународни компании. Она што покрај искуството ги издвојува како предавачи е и нивната несебичност и желба за пренесување на знаењата.
Темелната обработка на материјалите за учење, пренесување на личното искуство, поттикнување на љубопитност и амбиција за напредок на студентите и менаџирање на нивните очекувања во однос на сè она што следи по завршување на академијата, се само дел од принципите што го одликуваат пристапот во предавањето што го применува Марко Ивановски, инструктор на Академијата за дигитален маркетинг.
„Сметам дека од огромна важност е да не се поставуваме на почетокот над студентите како ментори. Треба да имаме на ум дека станува збор за студенти, почетници, луѓе кои менуваат професија итн – сè со цел да најдеме пристап преку кој ќе им ја објасниме материјата на наједноставен начин, бидејќи е обемна. Не зборувам за тоа дека ние треба да станеме „другари“ со студентите, но сепак да направиме една атмосфера во која ќе бидат комотни да прашаат што не им е јасно, бидејќи тоа се сепак нашите идни колеги во областа, луѓе со кои ќе треба да соработуваме на разни проекти“, вели Марко. Резултатот од ваквата работа се позитивни коментари од студентите кои мене лично многу ми значат, додава тој.
А доверба во своите инструктори и вработени покажува и менаџментот на Бреинстер, вели Аида Салкетиќ која од недоамна е дел од тимот на Бреинстер, но има повеќе од десетгодишно искуство во градење на капацитетите и учење за возрасни.
„Имам одличен простор за работа, доверба и поддршка да ги извршам моите задачи и ова е нешто што за мене е многу високо на листата на приоритети и вредности кога станува збор за професионалната средина“, вели Аида, координаторка на грантови и проекти.
Огнен Трипуновски на позицијата програмски менаџер е речиси една година и го потврдува вчечатокот дека неговите идеи и предлози се прифатени, што претставува важен поттик за остварување на резултати во работата на секој вработен посебно. Водејќи се од овие принципи работењето во релаксирана атмосфера ја зголемува и нашата продуктивност, додава Огнен.
Азра Имери, која работи во маркетинг тимот за Бреинстер Албанија вели дека она што најмногу го сака во оваа работна средина се можностите за постојано учење и професионален развој, како и топлата атмосфера и компаниската култура.
И додека дигиталната ера продолжува да ги трансформира индустриите, Бреинстер останува во првите редови, негувајќи таленти и поттикнувајќи промени. Овој тим од професионалци постојано расте и се трансформира, за подготвено да одговори и на потребите на пазарот на трудот и на студентите што бараат подобро образование.