Ако нешто сака оперативниот систем на Microsoft, тоа е интимно да се запознае со вашите навики и да извлече што е можно повеќе податоци кои, подоцна, ги користи за најразлични цели.
DoNotSpy11 е апликација која покажува дека Windows може да ве шпионира на 158 различни начини и со кој било од нив да ја загрози вашата приватност. По покренување на апликацијата, ќе видите листа од, како што напоменавме, стотици потенцијални нарушувачи на вашата приватност. За секоја опција, DoNotSpy11 нуди објаснување што се открива со вас, како и дали треба да ја деактивате, нешто што се случува со само еден клик.
Па така, DoNotSpy11 ќе ве советува да деактивирате анкети кои се форсираат од Office, копчиња кои испраќаат повратни информации, како и функционалности кои се замислени да споделуваат податоци со Microsoft. Дополнително, DoNotSpy11 се одликува со опции за деактивирање работи кои се својствени за Windows 11, опции како деактивирање виџети или Spotlight.

DoNotSpy11 се одликува со бесплатна и професионална верзија, но доколку ви се допадне апликацијата и сакате да ја користите и во иднина, потребно е посегнување по паричникот и купување на Pro верзијата затоа што само со неа можете да ги сочувате вашите подесувања.
Од друга страна, нема никаква потреба за излетување и дефинитивно би требало да ја проверите и исклучително добрата алтернатива ShutUp10++.







