Повлекувањето на западниот софтвер e проблем за руската индустрија

Зависноста од софтвер произведен надвор од Русија е сериозен проблем за руската индустрија. Како последица на санкциите најголем дел од компаниите престанаа да извезуваат машини во Русија. Сепак нивниот софтвер е и попотребен од машините, пишува Bloomberg.

Санкциите за Русија започнаа по инвазијата на Украина. Компании како Simens AG, SMS Group GmbH, ABB уште на почетокот на март го запреа извозот во Русија. За некои од производителите на опрема, Русија е еден од најголемите пазари. Специјализираниот софтвер на овие производители баш и нема алтернатива, а и замените кои се достапни во Русија не се на исто ниво кога квалитетот е во прашање.

„Руските замени во оваа област се многу полоши, а потребата е голема. Засега пристапот е да се потпрат на пиратски софтвер и на застарени верзии на софтверот, што на долг рок е ќорсокак и не е одржливо“, вели Елена Семеновска од IDC.

Производителите љубоморно ги чуваат индустриските тајни за машините, но и за софтверот кој се користи за нивно управување. Проблемите и мали грешки во софтверот понекогаш може да значат дека крајниот производ е неупотреблив. Некои машини доаѓаат со интегриран софтвер, па промената е исклучително сложена.

By www.volganet.ru, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=15682671

Дел од индустријата работи со помал капацитет. На пример производството на челик по инвазијата на Украина е намалено од 25 до 30 проценти. Најголем дел од опремата во овој сектор доаѓа од неколку компании: Siemens, SMS Group и Danieli & C. Officine Meccaniche SpA. Индустријата за производство на челик е модернизирана во последниве 20 години. Речиси целата опрема и софтвер кои се користат се од странски компании.

Во индустријата за производство и преработка на нафта и земјен гас само 5 до 10% од софтверот е домашен, и неконкурентен со странскиот софтвер, вели рускиот заменик министер за енергетика Павел Сорокин.

Со слични проблеми се соочува и индустрија за преработка на месо. Речиси секој дел од системите за извршување е увезен од европски компании. Софтверските грешки можат да доведат и до механичко оштетување на опремата, а новите делови не само што се скапи туку е тешко и да се пронајдат. Дел од руската индустрија предлага креирање на заедничка база на резервни делови, но без увоз, овие делови ќе бидат во ограничен број.

Покрај индустријата, со санкциите и запирањето на достапноста на некои од сервисите се погодени и компаниите, бизнисот и владините институции, но и домашните корисници. Компании како Microsoft  и SAP SE ги намалуваат своите капацитети во Русија. Ова ги остава секторите без софтверски и безбедносни надградби, поотворени за сајбер напади и малициозен софтвер.

Руските софтверски компании работат на креирање на нов софтвер кој ќе биде замена за постоечкиот. Алатките треба да бидат побезбедни и притоа да овозможат иста продуктивност. Сепак, за развој на решенија е потребно време, а во моментов руската индустрија трпи загуби поради несоодветните алатки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments