Добредојде за Бојан Стојковски, нов Главен уредник на IT.mk

во Блог, Вести, ИТ.МК

Пост-празнично и вторнички стартуваме со топ новости. IT.mk добива нов главен уредник и започнува реализација на повеќегодишни планови кои се надеваме дека ќе донесат значајни подобрувања.

Здраво и добредојде за Бојан Стојковски!

Бојан во улогата на Главен уредник на IT.mk доаѓа со големо искуство како новинар чиј фокус се ИТ теми. Транзицијата ја прави од позицијата на уредник за Западен Балкан во The Recursive, а во својата кариера има пишувано и за светски медиуми како што се Foreign Policy, The Wall Street Journal, ZDNet, и Balkan Insight. Неговиот стил на информирање се одликува со уникатен спој на длабока анализа, индустриска експертиза и око за нови и растечки трендови во технолошкиот свет. Бојан има развиено длабоко разбирање за стартап и ИТ сцената во Југоисточна Европа.

Бојан на IT.mk веќе неколку месеци придонесуваше привремено, меѓутоа од овој јануари стартува со официјална улога на Главен уредник на IT.mk и ITLogs.com – нов проект кој го реплицира моделот на IT.mk со фокус на англиски и Југоисточна Европа.

„Со радост се приклучив на тимот на IT.mk и ITlogs.com. Изминатава деценија, мојата мисија беше да информирам за развојот и напредувањето на технолошката индустрија во регионот. Сега, заедно со IT.mk и ITLogs.com верувам дека ќе успееме да го кренеме ИТ новинарството на уште повисоко ниво,“ вели Стојковски.

Како Главен уредник на IT.mk, Стојковски ќе биде одговорен за формирањето на уредувачката политика, тонот и правецот на IT.mk.

„Драго ни е што Бојан се вклучува во тимот на IT.mk“ вели Дамјан Дано, ко-основач и партнер на IWM Network, фирмата која стои зад IT.mk. „Бојан има енормно искуство во новинарството со особен фокус на ИТ, како и детално и длабоко познавање на технолошката сцена од Западен Балкан. Со него на чело на редакцискиот тим, веруваме дека IT.mk ќе продолжи да расте уште повеќе и побрзо, и ќе продолжи да го поддржува и промовира технолошкиот потенцијал во Македонија.“

Ние имаме само едно да кажеме: Добредојде Бојан

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
เกมสล็อตออนไลน์ 789 pg

เกมสล็อต ออนไลน์ 789 pg สำหรับผู้ที่ปรารถนาเข้ามาเลือกเล่นเกม pg slot ค่ายเกมสุดได้รับความนิยมที่สร้างผลกำไรได้อย่างมากมาย เว็บไซต์สล็อตที่ดีเยี่ยมที่สุด ชอบให้บริการ ค่ายเกม สล็อต

adnanrahman
adnanrahman
2 years ago

 

види ги сите огласи на kariera.it.mk