Добредојдовте на новиот IT.mk, v6.0 (бета)

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог, ИТ.МК

После 6 години од последниот редизајн, го редизајниравме IT.mk, пак. Шести пат во 14 години. :)

Оваа верзија е малку пообемна и затоа ја претставуваме првин во бета фаза – која ја користиме како делумен изговор за можните багови и недосредени секции во моментот на лансирање, меѓутоа ја користиме и како причина заедно со вас – IT.mk заедницата – да работиме на подобрување и досредување пред да ја официјализираме и извадиме од бета, бидејќи целта на овој редизајн е токму тоа – осврт кон заедницата и занемарување на стандардниот бизнис модел на еден портал – да живее од реклами и од (не)експертизата на маркетинг агенциите.

Концептот зад v6

Концептот зад овој редизајн е едноставен – конечно обединување на IT.mk во една платформа, лесен пристап до сите сервиси и целосен осврт кон читателот и членовите на ИТ форумот – кои ги има повеќе од 30.000 и кои за нас ја претставуваат IT.mk заедницата. Со претходната верзија, v5.0, го претставивме препознатливото црвено странично мени лево на секоја секција од IT.mk – портал, форум, индекс, кариера, маркет… меѓутоа тоа не беше доволно на IT.mk да се гледа како една платформа со повеќе сервиси и продолжи делењето на корисници по сервисот кој им е примарен – портал, форум, кариера… целта на v6 е да го промени тоа.

Еден логин за сè

Една од најклучните промени која ја носи новава верзија е тоа што сега на IT.mk има само еден логин за сите сервиси, вклучувајќи го и форумот. Порталот и сервисите како ИТ Индекс и ИТ Кариера се на WordPress CMS, а форумот е на Xenforo – што од многу технички причини (пр. Xenforo нема API повик за одлогирање, различно третирање на кориснички пермисии, лозинките со друг хеш…) синхронизацијата помеѓу овие два сервиси е предизвикувачка, не само за нас, туку и за еден куп девелопери кои развиваат плагини и за двете платформи низ годините. Особено степенот на тежина се зголемува кога имате постоечки форум со над 30.000 корисници.

Меѓутоа, тука сме – миграцијата е направена, иницијалните тестови на постоечките корисници се успешни и позитивни – со исклучок на тоа дека секој постоечки корисник мора да иницира ресет на лозинка за да може да се најави. Тука немавме премногу избор – опциите се сведоа на тоа или да доставиме лозинка во чист текст што е неприфатливо или да ги известиме корисниците да си иницираат самите процес за ресет лозинка. Го одбравме вториот чекор кој очекуваме по комплетирање и првичното незадоволство за трошење време, доста брзо да биде заборавен. :)

  • Инструкции за ресет на лозинка: Доколку сте постоечки член, за да се најавите на IT.mk ќе треба да ја ресетирате лозинката тука. Pls почекајте до максимум 10 минути по иницирање на барањето за да ви пристигне е-маил. Ако направите повеќе барања, секогаш користете го последниот е-маил со линк, претходните ќе бидат инвалидирани.
  • Подетално објаснување зошто е потребно ресет на лозинка – тука.

N0 MOAR банери

Претходните верзии на IT.mk придаваа релативно значење на позицијата на рекламните банери и очекувавме заработка и профит од истите со цел да може да го работиме порталот на малку поголемо ниво, меѓутоа веќе 14 години неуспешно го чекаме тој „воз“ да пристигне… Иако во годината имаше неколку рекламни кампањи пласирани воглавно од маркетинг агенции – истите беа со мал број на импресии и носеа ниски приходи кои не ги задоволуваа ни основните потреби. Она што беше некако поразувачки е што не постоеше интерес ниту се бараше понуда за рекламирање од страна на тие кои планираат буџети за пласман на кампањи, а интересни моменти секако беа кога ќе видите реклама за flagship уред кој е идеален за вашата примарна публика, меѓутоа не како банер на порталот туку како билборд на некоја локација низ град.

Да не се разбереме погрешно, многу портали во државава успешно работат токму со тој бизнис модел – продажба на банери. Како портал со сегментирана и специјализирана публика, 14 години не најдовме начин да го разработиме тој концепт, примарно поради идејата на бркање квантитет (читај: голем број посети на каква било содржина, хинт: жолта штампа), а не квалитет (читај: сегментирана публика која има сериозна пазарна моќ и влијание при избор) од страна на компаниите и маркетинг индустријата, како и недостапноста на платформи како AdSense на овој пазар кон кои може еден медиум да се осврне доколку нема профитабилен однос со агенциите.

Од овие причини, решивме на новата верзија на IT.mk да го напуштиме моделот на банери во целост и да се фокусираме на друг бизнис модел…

Бизнис модел: Верувај во заедницата

Како продолжение на горенаведениот дел и инспирирани од фактот дека последниве години ИТ заедницата расте сѐ повеќе и повеќе, особено после трендот на непопуларност на Facebook кој започна пред 2-3 години и префрлање на платформи како Instagram и TikTok кои немаат опција за водење квалитативна дискусија, одлучивме да го базираме IT.mk на еден нов бизнис модел – заработка од поддршка на заедницата која ни е лојална низ годините. IT.mk е комерцијален проект и менаџиран од ИКТ компанија, и од таа причина не сакавме да го базираме моделот со некој донациски аспект – туку да понудиме разни опции преку кои членовите ќе имаат бенефити и на тој начин ќе одберат да ја поддржат оваа платформа.

Новиот бизнис модел на IT.mk го базираме преку продажба на следниве работи:
Огласи за ИТ кариера
ITmkware (во иницијална фаза: само маици)
Членство (Basic и 1337 кои нудат бенефити)
Одбран хардвер преку партнерска соработка со Нексио

Опцијата за членство е исклучиво на доброволна основа, со тоа што пристапот до IT.mk содржините и форумот останува бесплатен со селектирани содржини кои ќе ги дефинираме како премиум.

IT.mk сега нуди 3 опции при регистрација – бесплатно, Basic и 1337

За да ги прегледате деталните бенефити според секоја опција на членство, упатете се тука.

Ферски е да кажеме дека иако сега одиме „all-in“ со овој модел, иднината е неизвесна и ќе видиме што сѐ ќе донесе – дали ќе има промена и на овој бизнис модел, враќање на стариот или пак пронаоѓање на нешто ново. :)

Што е следно?

Во следниов период ќе работиме на средување багови (кои може да ги пријавувате тука или на форумот), но и на подобрување на понудата во ИТ маркет како и објава на подобрени содржини – нешто што во блиска иднина очекуваме да биде значително забележливо.

Следниве денови исто така во засебни текстови ќе ги претставуваме функционалностите и подобрувањата кои IT.mk v6.0 ги нуди, а во меѓувреме ги очекуваме вашите реакции тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (3)

Loading new replies...

Хмм. Незнам. Попрво анонимно би донирал него да плаќам чланарина. Да и бесплатно е, да и неморално е.

Едно прашање, кои се тие премиум содржини и што ако free корисник креира премиум содржина? Или се мисли на содржини креирани од IT.mk, пошто било каква содржина од членови не смее да се дозволи да биде наплатувана.

Едит, и тоа со Custom forum title не е во ред за оние како мене што веќе го имале. Да дадеш па да земеш нешто назад е ептен LGHDTVBT

одговори 3 лајкови

Едно прашање, кои се тие премиум содржини и што ако free корисник креира премиум содржина? Или се мисли на содржини креирани од IT.mk, пошто било каква содржина од членови не смее да се дозволи да биде наплатувана.

Се мисли на премиум содржини креирани од ИТ.

Едит, и тоа со Custom forum title не е во ред за оние како мене што веќе го имале. Да дадеш па да земеш нешто назад е ептен LGHDTVBT

За постоечките ситуации со custom titles како и со постоечките верификувани профили - најверојатно ќе останат, во текот на следните денови ќе го потврдиме тоа.

одговори 1 лајкови

Може дообјаснување за ова со огласите?

Дали тоа значи 6 огласи постирани месечно? А ова со верификувани огласувачи нели логиката беше дека позитивни искуства треба да кажуваат кој е а кој не е верификуван (као доза сигурност повеќе кога некој купува) - вака значи секој шо плаќа ќе биде верификуван, дури и некој шо вчера се приклучил...

Разбирам дека бизнис моделот е битен но вака тотално паѓа поентата на системот на доверба околу огласи на форумов.

одговори 2 лајкови

Може дообјаснување за ова со огласите?

Дали тоа значи 6 огласи постирани месечно?

Она што стои на Претплата ⋆ IT.mk е тоа што беше и до сега, корисник со бесплатно членство има пристап до огласи по 6 месеци и 50 лајка и 50 поста, тоа останува исто. Тие што би платиле ќе имаат веднаш пристап до огласи.

А ова со верификувани огласувачи нели логиката беше дека позитивни искуства треба да кажуваат кој е а кој не е верификуван (као доза сигурност повеќе кога некој купува) - вака значи секој шо плаќа ќе биде верификуван, дури и некој шо вчера се приклучил...

Да, досега верификувани се користеше за да се потврди легитиметот на еден член - што сега, откако член ќе има членство - во кое ќе знаеме повеќе детали за него, ќе му доделиме верификуван статус. Довербата околу огласите не би требало да се манипулира од луѓе кои претходно платиле членство - а и да се манипулира од овој тип - ќе се воведат дополнителни начини за регулирање - ама за ова во следните денови.

одговори 2 лајкови

Овоа со 6 пати месечно со објавување важе и за нас што сме верификувани огласувачи ?
Или овоа важе за новајлите после 6 месеца активност со собрани 50 лајкови и мислења ?

одговори Лајк

Овоа со 6 пати месечно со објавување важе и за нас што сме верификувани огласувачи ?
Или овоа важе за новајлите после 6 месеца активност со собрани 50 лајкови и мислења ?

по 6 месеци ќе го промениме во после 6 месеци, за да биде појасно.
Нема лимит на огласи откако ќе се добијат привилегии за објава на огласи

одговори 3 лајкови

Ок, не е лоша идеа. Само да се срети тапаток, сепак мислам дека ние што ја користиме би преферирале нејзино враќање во функција над стенд-алон апликација. Барем јас така мислам пошто имам и премиум на нејзе.

одговори 4 лајкови

N0 MOAR банери

Претходните верзии на IT.mk придаваа релативно значење на позицијата на рекламните банери и очекувавме заработка и профит од истите со цел да може да го работиме порталот на малку поголемо ниво, меѓутоа веќе 14 години неуспешно го чекаме тој “воз” да пристигне… Иако во годината имаше неколку рекламни кампањи пласирани воглавно од маркетинг агенции – истите беа со мал број на импресии и носеа ниски приходи кои не ги задоволуваа ни основните потреби. Она што беше некако поразувачки е што не постоеше интерес ниту се бараше понуда за рекламирање од страна на тие кои планираат буџети за пласман на кампањи – а интересни моменти секако беа кога ќе видите реклама за flagship уред кој е идеален за вашата примарна публика, меѓутоа не како банер на порталот туку како билборд на некоја локација низ град.

Да не се разбереме погрешно, многу портали во државава успешно работат токму со тој бизнис модел – продажба на банери, меѓутоа како портал со сегментирана и специјализирана публика, 14 години не најдовме начин да го разработиме тој концепт – примарно поради концептот на бркање квантитет (читај: голем број посети на било каква содржина, хинт: жолта штампа) а не квалитет (читај: сегментирана публика која има сериозна пазарна моќ и влијание при избор) од страна на компаниите и маркетинг индустријата, а и недостапноста на платформи како AdSense на овој пазар кон кои може еден медиум да се осврне доколку нема профитабилен однос со агенциите.

Од овие причини, решивме на новата верзија на IT.mk да го напуштиме моделот на банери во целост и да се фокусираме на друг бизнис модел…

Не ми се допаѓа како е напишан овој дел, нема врска која е публиката на ит.мк едноставно не генерира доволно трафик да заработи многу пари од реклами. Тие се парите од рекламите без разлика дали членовите имале куповна моќ, а дека повеќето членови имаат некоја голема куповна моќ реално не делува така, ќе се дадам сам за пример.

Како можам од форум да отидам на портал сега?

одговори 1 лајкови

После 6 години од последниот редизајн , го редизајниравме IT.mk, пак. Шести пат во 14 години. :)

Повеќе детали тука, а темава сметајте ја за официјална тема за реакции на новата верзија.

Пред се убаво испаднало форумот е супер,но за нарачки на маици каде може да се одбере за големина дали има xl или xxl?
приметив еден буг одам на ентер и несака

одговори 1 лајкови

Дизајнерски што да ви кажам, неинспирирано, празно некако.
Функционално е добро, сте унифицирале мобилен со десктоп дизајн, нормално со тоа што десктопот пати максимално ама нејсе...

За бизнис моделов...барем објаснете го поубаво тој дел. Спомна и @DarthJe5us , нешто што и јас го спомнувам со години, имате некоја препотентност во настапот (веројатно и реално постои), ги критикувате маркетинг агенциите таму (а и самите имате маркетинг агенција), ги критикувате другите портали (жолта штампа)...

Со среќа нека ви е, сега отклучете коментари на огласите чим ќе доаѓа све и свашта ваму.

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
567 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] пред скоро две години ја лансиравме новата верзија на IT.mk (v6) поставивме нова и прилично храбра траекторија на […]

trackback

[…] многу повеќе од еден обичен портал за технологија, ја лансиравме шестата верзија (v6) со која практично IT.mk ги обедини своите сервиси со […]

trackback

[…] поддржува македонската ИТ заедница, а пред две недели ја објавивме шестата верзија од IT.mk – v6 (бета), во која најавивме […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk